На денешен ден, пред точно 13 години, започна приказната на Balkan Fun.
Приказна која започна скромно, со огромна желба, многу енергија и само две дестинации – Закитос и Кавос.
Во време кога младинските патувања речиси и да не постоеја во Македонија, а концептот „Summer Fun“ беше нешто непознато за нашата земја, ние решивме да создадеме нешто сосема ново. Со само два термина и огромна верба дека младите заслужуваат поинакво искуство, успеавме за помалку од еден месец од отворањето да однесеме повеќе од 200 млади луѓе од Македонија на летување во Грција поточно во Закинтос и Кавос.
Токму тогаш започна едно ново поглавје во нашата држава – младинскиот туризам.
Во тие години, ваквите патувања не беа препознатливи, ниту достапни кај нас. Немаше организирани летувања и патувања за млади, фестивалски програми, забавни концепти или специјализирани понуди за млади. Но, ентузијазмот, довербата и позитивната енергија на првите генерации патници направија нешто што денес изгледа како историја.
Истата година ја организиравме и нашата прва Нова Година во Белград – патување кое подоцна ќе стане едно од најмасовните и најпрепознатливите младински новогодишни патувања во регионот.
Од тогаш до денес, растевме заедно со генерации млади луѓе.
Денес, после 13 години работа, Balkan Fun брои над 10.000 патници годишно и важи за една од најпрепознатливите и најголеми агенции за млади во регионот.
Зад нас стојат илјадници реализирани патувања, стотици илјади поминати километри, незаборавни летувања, екскурзии, фестивали, пријателства и спомени кои траат цел живот.
Денес работиме на сериозни и масовни проекти кои бележат рекордни бројки:
Покрај тоа, особено сме горди на огромната мрежа на промотери која ја изградивме низ годините – млади луѓе кои преку Balkan Fun не само што патуваат, туку и работат, заработуваат, стекнуваат искуство, нови пријателства и развиваат комуникациски и организациски вештини.
Од една мала идеја со една канцеларија и неколку автобуси, денес имаме три канцеларии во Македонија – во Скопје, Прилеп и Струмица – и заедница од илјадници млади кои се дел од нашата приказна.
Но, најголемата вредност не се бројките.
Најголемата вредност сте вие – сите генерации патници, промотери, соработници, лидери и пријатели кои веруваа во нас уште од првиот ден.
Ви благодариме за секое патување, секоја доверба, секоја препорака и секој спомен што заедно го создадовме во овие 13 години.
Ова е само почеток. ❤️