clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Порто Монтенегро е новиот центар на џет сетот

blog-photo

Порто Монтенегро е како сè во едно – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Сè што ви треба е малку слободно време, и уште неколку милиони долари за максимално уживање.

За остатокот од нас, “обичните смртници”, гледањето на неговиот развој е исто толку забавно.

Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба.

Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее.

Во непосредна близина е и градот Котор, кој е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство со барокна, венецијанска и австриска архитектура. Тој е опкружен со спектакуларни и недопрени планински предели.

logo