clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

ПРАГА 3 Ноќевања

Период: 21/04/2022 - 25/04/2022
199€
179€
Датуми на патувања
Прага
Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото...
Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 Ден 07.03.2023 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 10.30 часот. Тргнување за Прага во 11.00 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности
2 Ден 08.03.2023 ПРАГА
Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Вацлавскиот плоштад... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Пристигнување во градот, сместување и запознавање со градот
3 Ден 09.03.2023 ПРАГА - ДРЕЗДЕН
Појадок. Целодневен излет во Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Августовиот мост... Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.
Целодневен излет во Дрезден
4 Ден 10.03.2023 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12 те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.
Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка
5 Ден 11.03.2023 ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
6 Ден 12.03.2023
Пристигнување во пладневните часови.
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
Напомена

Во цената се вклучени следниве услуги:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅ 3 ноќевања со појадок во Прага во хотел со 3*

✅Посета на трговскиот центар   OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT.

✅Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Задолжителен разглед на Прага со локален водич 15 €
  • Факултативен излет Карлови Вари 35 €
  • Крстарење со брод по Влтава 20 €
  • Посета на Дрезден 40 €
  • Вечера во традиционална пивница со шоу програма 50 €
  • Туристичка такса 370 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба  4.650 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 €
  • Задолжително патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Напомена:

Во цената се вклучени следниве услуги:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅ 3 ноќевања со појадок во Прага во хотел со 3*

✅Посета на трговскиот центар   OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT.

✅Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Задолжителен разглед на Прага со локален водич 15 €
  • Факултативен излет Карлови Вари 35 €
  • Крстарење со брод по Влтава 20 €
  • Посета на Дрезден 40 €
  • Вечера во традиционална пивница со шоу програма 50 €
  • Туристичка такса 370 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба  4.650 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 €
  • Задолжително патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo