clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Кефалонија

Период: 16/07/2021 - 27/07/2021
289€
249€
Датуми на патувања
Кефалонија
Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместено јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести и песочни. Тоа што со сигурност е загарантирано е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејсажа, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе Ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместен е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружен е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно градче и пристаниште во кое доаѓаат туристи највеќе од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до Скала 12 км. Порос ги има скори сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, е тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Што добивате?
periodПериод
9 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус и траект
mealsОброци
/
accomodationСместување
Апартман/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден / Скопје – Македонија – Грција:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
Преминување граница. Контрола и царински формалности
2 – 10.Ден / Кефалонија:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…
Не заборавна летна авантура
11.Ден / Kефалонија – Грција – Македонија:
Во утринските часови следуба напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…
Проверка на соба и тргнување за дома.
12.Ден / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Прераскажување на спомените од најдобриот одмор
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје

✅ Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини

✅Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.

PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Етно тура Кефалонија
Со оглед на тоа што островот Кефалонија е единствен остров со национален парк од сите острови на јонското море, поради тоа е единствен остров кој може да ви пружи многу повеќе од само прошетка по разни плажи. На етно турата ке разгледаме невидени атракции кои морате да ги посетите додека сте на летување на Кефалонија. ДРОГАТИ ПЕШТЕРАТА е еден од најпознатите локалитети на Кефалонија. Овој природен феномен е стар преку 150 милиони години, а најпознат дел од пештерата е "дворот на обожувањето" на кое место бил концертот на најпознатата грчка оперска пејачка Марија Калас, а велатт и дека е токму тука настапувал и славниот Лучиано Павароти. * Во цената не е вклучена влензница. МЕЛИСАНИ ЕЗЕРОТО е најголемото природно богатсво на Кефалонија, после плажата Миртос ова е најголемата туристичка атракција на овој остров. Ова езеро се наоѓа на листата на светски чуда. Ова езеро своето име го добива(како што кажува легентата) по нимфата Мелисани која се дави во ова езеро поради невозвратената љубов од богот Пану. Препорачуваме ова езеро да се посети во попладневните саати, кога сончевите зраци паѓаат под прав агол, тогаш добивате впечаток дека чамчињата во кои пловиме лебдат над водата. * Во цената не е вклучена влезница. * Возењетео со чамците по езерото Мелисани трае околу 15 минути. MANASTIR SV. GERASIMA чудотворецот и заштитникот на овој остров е манастирот свети Герасимо кој е и најубавиот манастир на овој остров. VINARIJA ROBOLA –локална винарија која е позната низ цела Европа. Во оваа вирнарија можете да дегустирате најубави вина направени од Робола-посебен вид на грозје. Исто така оваа винарија е опкружена е со лозје и полиња полни со лаванди. ПЛАЖА MAKRIS GIALOS / COSTA COSTA BEACH BAR – По преубавата етно тура се упатуваме кон плажата Makris Gialos и COSTA COSTA beach bar, најпопуларниот бар на плажа на целиот остров. COSTA COSTA на своите гости им нуди квалитетна услуга и зазновиден избор на храна и пијалоци. Поради својата инфраструктура барот е идеален за совршен одмор и целодневно уживање.
activity
Крстарење до Закинтос
Крстарењето до Закинтос е излет кој ќе го направи вашето летување не заборавно. Можноста да се посети уште еден остров на ова патување е извонредна прилика која е и наша топла препорака. Во текот на ова полудневно крстарење ќе имате прилика да се избањате на најголемата и најубавата плажаNAVAJO и направите феноменални фотографгии од ова крстарење. Исто така ги посетуваме Blue Caves како и местото SV. NIKOLA, сето тоа со интересна приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич за знаменитостите на Закинтос.
activity
Чудесните плажи на Kефалонија
Кефалонија е сигурно остров со единствени плажи на целиот јонски архипелаг, а ние за вас ги одбравме најубавите да ги посетиме. SKALA / AMMOS BEACH BAR – е песочна плажа која е наградена со плаво знаменце за кристално чиста вода. Во Amos Beach Bar кој е дефинитивно најубав и најинтересен Beach Bar на целиот остров,овде ќе правиме дневни забави и игри без граници со најдобри коктели. ANTISAMOS – е скриена оаза на северо источниот дел на островот во близина на градот Самија. Опкружена со зимзелена шума, плажа со ситни каменчиња и проѕирната вода дава впечаток како да се бањате во природен аквариум, полн со шарени рибчиња, ова искуство неможете да го добиете на ниту еден друг остров. MIRTOS – дефинитивно кралица на овој остров, каде се снимени многу филмови и исто така се снимени сцени на филмот Мандолината на Каметанот Корелија со Николас Кејџ. Оваа плажа ја ставаат во топ 10 плажи во светот. Белите каменчиња и тиркизната вода ја покажуваат нејзината величенственост. Оваа плажа е со закон заштитена и во целост не комерцијализирана поради сочувување на нејзината убавина која допринесува посебен шмек на островот Кефалонија. KSI Плажа - е навистина посебна плажа која е крунисана со плавото знаменце која означува посебен квалитет и чистина на водата, која е не секојдневна во грчкото море. Она што оваа плажа ја прави посебна е невообичаената црвено- портокаловата боја на песокот која во комбинација со сината вода прави да се чувствувате феноменално и да уживате. *Плажите Миртос и Кси се посетуваат во еден ден. Предвидено е задржување на плажата Миртос од само еден час.
activity
Scala By Night
Разглед на најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најроматични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Го издвојуваме од лепезата на ресторани уникатното место Il Destino кој нуди избор и на италијански јадења.
activity
Argostoli By Night
Возбудливиот и магичениот ноќен живот во Аргостоли е подготвен за сите нас. На самата обала во Аргостоли, постои преубава променада украсена со раскошни палми, а во ноќните саати ова е омилено место за прошетка и провод. Ќе ја прошетаме исто така и најпознатата пешачка зона за шопинг Литострато и ќе уживаме во најубавиот залез на сонцето од камениот моста Драпано и исто така на главниот плоштад Валианос ќе ги дегустираме едени од најубавите сладоледи во слаткарницата Премиер.
activity
Журка на брод
Крстарење на отворено море со препознатливите звуци на BALKAN FUN DJ-еите на еден од најлуксузните бродови кој е подготвен да исплови со патниците. Во текот на уживањето во пловењетопо Јонското море, сите заедно застануваме да се разладиме во кристално чистото море и да правиме разноразни креативни скокови во вода каде што нашите фотографи ќе направат слики за паметење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите!

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје

✅ Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини

✅Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.

PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

logo