clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул – 3 Ноќевања

Период: 19/10/2023 - 24/10/2023
189€
139€
Датуми на патувања
Истанбул
Истанбул е волшебен град, град на легенда и историја. Не залудно велат, кој еднаш отишол ќе сака повторно да се врати. Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул (Istanbul) е најголемиот град во Турција (Turkey) и еден од најголемите градови во светот. Истанбул (Istanbul) зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Со околу 15 милиони жители, Истанбул ( Istanbul) е најнаселен град во Европа (Europe).
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден (Четврток) Скопје - Истанбул
Состанок на групата во 15:00часот на Дрво Декор и во 15:30час. поаѓање за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден (Петок) Истанбул
Пристигнување во утрринските часови, Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, каде што може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.
Облакодерот “Сафир”- Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул.Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. Групата има слободно време, и се упатуваат кон Ортаќој.
Ортаќој
Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии. Ноќевања.
Пристигнување во Истанбул, сместување и запознавање на градот
3. Ден (Сабота) Истанбул
По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Ноќевање.
Факултативни излети за Балат и Галата Порт.
4. Ден (Недела) Истанбул
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

Факултативни излети Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Таксим Плоштадот
5. Ден (Понеделник) - Скопје - Истанбул
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Одјавување од хотел, посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
6. Ден (Вторник) - Скопје
Предвидено е пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Три ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во 212 центарот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и преку Република Бугарија) до Турција

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Посета на Долмабахче
Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.
Цена: 25€
activity
Istanbul By Night – Пакет 2
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. *oваа Факултатива се купува во пакет заедно со уште 2 (Ускудар и Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)) и чинат 50 евра
activity
Ускудар – Пакет 2
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. По Ускудар ја посетуваме џамијата Чамлиџа. *oваа Факултатива се купува во пакет заедно со уште 2 (Ускудар и Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)) и чинат 50 евра
activity
Крстарење по Босфор – Пакет 2
Ова крстарење преставува уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин. *oваа Факултатива се купува во пакет заедно со уште 2 (Ускудар и Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)) и чинат 50 евра
Цена: 50€
activity
Посета на Балат, железната црква и вселенската патријаршија, облакодерот Сафир и Таксим
Оваа факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени Балат со влез во „Железната црква“, Вселенската Патријаршија, Облакодерот Сафир со вклучена 7D проекција и плоштадот Таксим. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. По посетата на Балат, продолжуваме со автобус кон Сафир, а денот завршува на Таксим плоштадот каде може да уживаме во убавините на местото.
Цена: 35€

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Три ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во 212 центарот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и преку Република Бугарија) до Турција

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo