⏰ Последни ПОПУСТИ- Flex Festival! ⏰
Резервирај сега!
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул

Период: 22/05/2025 - 25/05/2025
159€
99€
Одбери сместување
Истанбул
Истанбул - најголемиот град во Турција, се наоѓа долж течението на Босфорскиот теснец кој ја поврзува обалата на Мраморното со Црното Море. Овој огромен град, единствен на светот изграден на два континента (Европа и Азија), има површина од речиси 6.000 км2 и брои над 15 милиони жители според официјални мерења, односно 20 милиони неофицијално.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 22.05.2025/Скопје - Истанбул
Состанок на групата во 14:30 часот на спортската сала Борис Трајковски, тргнување во 15:00 часот за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Се патува преку Грција.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 23.05.2025 Истанбул
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во
хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check
in ќе биде после 14 часот. Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да
не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите. Следува пешачка
тура до Капали Чаршија и Аја Софија, по прошетката следува слободно време а враќањето е
индивидуално. Во претходно договорено време (попладне) се упатуваме кон БАЛАТ, односно ја
посетуваме ЖЕЛЕЗНАТА ЦРКВА – црква која е изградена со донација од македонски мајстори и место
каде што се наоѓа гробот на Партеније Зографски. Вистинско ремек дело кое остава без зборови.
Потоа се упатуваме кон ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА – место кое е едно од најзначајните симболи за
христијанството. Потоа се упатуваме кон срцето на БАЛАТ – област која е препознатлива по
многубројните дрвени куќички кои фасадите им се бојадисани во различни бои кои ни се добро
познати од турските серии. Исто така оваа област е преполнета со многубројни кафулиња. Оваа е исто
така едно од најфотографираните места во Истанбул. Слободно време. По слободното време се
упатуваме кон ТАКСИМ – главниот плоштад во Истанбул, место каде што се организираат сите собири,
Истикал улицата каде што се движи добро познатиот црвен трамвај и Галата кула која се надзира
визоко над овој магичен град. Слободно време. Упатување кон хотел. Ноќевање.
Пристигнувањето во Истанбул, сместување во хотел, посета на Капали Чаршија, Балат, Таксим Плоштадот.
3. Ден 24.05.2025 Истанбул
Појадок. После појадокот започнуваме да го допознаваме овој магичен град. ве водиме на една од
најубавите факултативи. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ – Теснец кој го дели Истанбул на Европски и
Азиски, по брегот на Босфорот ке ги видиме најлуксузните вили од турските серии каде што живеат
најбогатите и највлијателните личности во Турција како и едни од најпознатите знаменитости во
Истанбул. Факултатива која остава без зборови, факултатива каде што го имаме цел Истанбул на
дланка во времетраење од околу 90 минути. Секако со нас се и локалните водичи каде што ќе ни
раскажуваат за палатите кои се наоѓаат на самиот Босфор.После крстарењето се упатуваме кон
ПАЛАТА БЕЈЛЕРБЕЈ – оваа е историска знаменитост која е најпосетуваните во овој град.Се наоѓа на

една од најубавите локации во Истанбул, на едно од најфотографираните места во Истанбул односно
веднаш под Босфорскиот мост, во азиската област. Оваа палата била летната резиденција на султаните
и ке имаме прилика од блиску да ја доживееме турската култура преку многубројните соби и хали.
Слободно време во Бејлербеј. По слободното време продолжуваме кон ЧАМЛИЏА ЏАМИЈАТА –
Џамија која се наоѓа во округот на Ускудар односно во Азискиот дел на Турција. Џамија која е
најголема во Турција, која има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија,
библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила. Отворена е во 2019 година од
страна на претседателот на Турција-Ердоган. Дневно на џамијата работеле по 25.000 луѓе. Место кое
нуди прекрасен поглед на Истанбул. Слободно време во џамијата. По слободното време се упатуваме
кон КАДИЌОЈ – област во Азискиот дел на Истанбул, на самиот брег на Мраморното Море. Живописно
место во Истанбул познат по шарените шарените улици. Една од најпознатите улици Bahriye која е
полна со шарени кафулиња и продавници. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во
хотел. Припрема за Турска вечера со многу забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
Крстарење по Босфор, Плата Бејлербеј, Чамлиџа Цамија, и живописното местенце Кадиќој.
4. Ден 25.05.2025 Истанбул - Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Следува посета на продавницата за слатки работи ‘’Коска’’ каде што ке
имате можност за дома да си купите баклави, локуми и други благи работи. Слободно време за
пазарење. По слободното време се упатуваме на шопинг во некој од многубројните аутлети во
Истанбул. Слободно време за шопин околу 2 до 3 часа. По шопингот поаѓање кон Македонија. Денско
и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Предвидено пристигнување во
Македонија е после полноќ на 26.05.2025.
Одјавување од хотелот, посета на најпознатата продавница за традиционални слатки КОСКА, и шопинг во аутлет, тргнување кон Скопје.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во аутлет

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Излетот Балат, Таксим плоштадот, е задолжителен кој чини 25 евра 

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Посета на Балат, Таксим плоштадот – задолжителна факултатива
ЖЕЛЕЗНАТА ЦРКВА која е исто така вистинско ремек дело која се наоѓа во населбата Балат. Градена е со донација од македонски мајстори. Во дворот на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит.ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА една од четириесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул кој на нејзино чело стои Вселенски Патријарх. БАЛАТ една од напознатите христијански населби во Истанбул, место кое ни е доста познато на сите од турските серии, местото со фарбаните куќички во различни бои, едно од најфотографираните местоа во Истанбул. Во Балат исто така ќе сретнеме многу кафулиња и места каде што можеме да уживаме во турската традиција. ТАКСИМ – главниот плоштад во Истанбул, место каде што се организираат сите собири, Истикал улицата каде што се движи добро познатиот црвен трамвај и Галата кула која се надзира визоко над овој магичен град.
Цена: 25
activity
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Чамлиџа Џамија, КАДИЌОЈ
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ – Теснец кој го дели Истанбул на Европски и Азиски, по брегот на Босфорот ке ги видиме најлуксузните вили од турските серии каде што живеат најбогатите и највлијателните личности во Турција како и едни од најпознатите знаменитости во Истанбул. Факултатива која остава без зборови, факултатива каде што го имаме цел Истанбул на дланка во времетраење од околу 90 минути. Секако со нас се и локалните водичи каде што ќе ни раскажуваат за палатите кои се наоѓаат на самиот Босфор.После крстарењето се упатуваме кон ПАЛАТА БЕЈЛЕРБЕЈ – оваа е историска знаменитост која е најпосетуваните во овој град. Се наоѓа на една од најубавите локации во Истанбул, на едно од најфотографираните места во Истанбул односно веднаш под Босфорскиот мост, во азиската област. Оваа палата била летната резиденција на султаните и ке имаме прилика од блиску да ја доживееме турската култура преку многубројните соби и хали. ЧАМЛИЏА ЏАМИЈА која е најголема џамија во Турција, се наоѓа во округот Укудар на азискиот дел од Турција. Пуштена е во употреба во 2019 година од страна на претседателот на Турција-Ердоган. Чамлиџа Џамија е вистинско ремек дело кое вреди да се посети и нуди прекрасен поглед на Истанбул. На џамијата дневно работеле по 25.000 луѓе. КАДИЌОЈ – област во Азискиот дел на Истанбул, на самиот брег на Мраморното Море. Живописно место во Истанбул познат по шарените шарените улици.
Цена: 70

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во аутлет

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Излетот Балат, Таксим плоштадот, е задолжителен кој чини 25 евра 

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo