clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Атина-Нова година 2027

Период: 30/12/2026 - 03/01/2027
209€
149€
Одбери сместување
Атина
Прошетајте низ украсените улици и плоштади, уживајте во празничната атмосфера и откријте ги најпознатите знаменитости, традиционалните таверни и шармантните квартови на грчката престолнина. Посетете ја Акрополата, прошетајте низ Плака и Монастираки и почувствувајте го посебниот дух на Атина во најубавиот период од годината.
Новогодишните празници во Атина се совршена можност за кратко бегство, исполнето со култура, гастрономија, историја и незаборавни моменти. Започнете ја 2027 година со патување во еден од најубавите и највпечатливи градови во Европа.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 ДЕН 30.12.2026 СКОПЈЕ-АТИНА
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 18:00 до 19:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето.Поаѓање кон Атина. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Поаѓање, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царнски формалности.
2 ДЕН 31.12.2026 АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Следува панорамски разглед на градот локален водич. За време на разгледот ќе се запознаете со најзначајните знаменитости на грчката престолнина, меѓу кои: Парламентот на Грција и плоштадот Синтагма, Гробот на незнајниот војник со Евзоните, Храмот на Олимпискиот Зевс, Националната библиотека, Универзитетот во Атина и Академијата на Атина, како и останатите значајни булевари и плоштади кои го претставуваат современиот и историскиот лик на градот. По завршувањето на панорамскиот разглед следува посета на Акропол – најзначајниот симбол на античка Грција и едно од најпознатите археолошки богатства во светот. Патниците кои нема да го посетат Акропол ќе имаат слободно време за индивидуална прошетка. По завршувањето на посетите следува сместување во хотел, односно после 15:00ч. Во вечерните часови можност за индивидуална прошетка низ празнично украсената Атина и дочек на Новата 2027 година на некој од централните плоштади или во некој од бројните ресторани и локали.Ноќевање.
Пристигнување во Атина, разглед на градот, факултативна посета на Акропол, сместување во хотел, дочек на Новата година.
3 ДЕН 01.01.2027 СУНИОН
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Сунион, едно од најживописните места во Грција. Патувањето се одвива покрај Атинската ривиера, минувајќи низ познатите крајбрежни населби и плажи. Посета на Храмот на Посејдон, величествен антички храм, изграден на карпест рид над Егејското Море. Од локалитетот се отвора спектакуларен панорамски поглед кон морето и околните острови, поради што Сунион претставува една од најпосетуваните знаменитости во областа Атика. По завршувањето на посетата, враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, прошетка низ старите квартови Плака и Монастираки, шопинг или уживање во локалната гастрономија по сопствен избор. Ноќевање.
Факултативна посета на Сунион.
4 ДЕН 02.01.2027 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ-СКОПЈЕ
Појадок и напуштање на хотелот. Следува факултативна посета на полуостровот Пелопонез. Коринтскиот Канал, едно од најзначајните инженерски достигнувања во Европа, кое ги поврзува Егејското и Јонското Море. Каналот е долг околу 6,3 километри, а неговите стрмни карпести ѕидови достигнуваат висина од речиси 80 метри. Кратка пауза за разгледување и фотографирање на овој импресивен спој на природата и инженерството. Разглед на археолошкиот локалитет, каде ќе имате можност да ги видите остатоците од античката Агора, Храмот на Аполон, римските градби, како и местата поврзани со престојот и проповедите на апостол Павле. По завршувањето на разгледот следува поаѓање кон Македонија. Патниците кои нема да учествуваат на факултативата ги напуштаат хотелските соби во истото време како и останатите патници и ќе бидат преземени од автобусот при враќањето од Пелопонез. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 03.01.2027.
Напуштање на хотелот, факултативна посета на Пелопонез, поаѓање кон Македонија.
Напомена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
✅ Превоз со високо туристички автобус според програмата,
✅ 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок,
✅ Пратител и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
❌Тутистичка такса – 4 еур/лице (за двете ноќевања)
❌Задолжително патничко и здравствено осигурување – 6 еур/лице (може да се изготви и во агенцијата)
❌Индивидуални трошоци
– Факултативни излети
❗(Разглед на Атина е задолжителен излет, се плаќа во агенција при резервација)

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
РАЗГЛЕД НА АТИНА-ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ИЗЛЕТ
Главниот град на Грција - Атина преставува еден од најстарите градови во светот со историја долга повеќе од 3.000 години. Овој град е уникатна комбинација на древната култура и современиот живот. Сместена во срцето на Балканот, Атина е вистинска ризница на историјата, архитектурата и културното наследство. Покрај доста богатата историја, таа изобилува и со доста модерни ресторани, галерии, шопинг центри како и исклучително богат ноќен живот. Плоштадот Омниа, е еден од најстарите и најпознатите плоштади во Атина, симбол на урбаното срце на градот. Плоштадот Синтагма преставува место каде што се наоѓа грчкиот Парламент. Тука имаме можност да ја набљудуваме свечената смена на стражата на Евзоните, традиционално облечени војници кои го чуваат Споменикот на Незнајниот Војник - вистинска атинска атракција. Олимпискиот стадион (Панатенакиос), е целосно изграден од бел мермер. Тука се одржале првите модерни Олимписки игри во 1896 година. Величествениот Зевсов храм, некогаш претставувал најголем храм во античка Грција. Но, и денес вистинска атракција и импресионира со своите колосални столбови. Хадријановата врата е изградена во чест на римскиот император Хадријан, како симбол на преминот од стара во нова Атина. Националната библиотека,универзитетот во Атина и Атинската академија, познати и како Неокласичка триада, се вистински примери на неокласична архитектура и го одразуваат образовниот и културниот дух на Грција.
Цена: 20
activity
Пелопонез
Пелопонез, земја на некогашната храбрата Спарта, со раскошно културно – историско наследство. Некогаш Пелопонез бил споен со копното. Со прекопувањето на Коринтскиот канал 1893 година станува остров. Денеска на две места е поврзан со остатокот од Грција, преку Коринтскиот канал и мостот Рио Антирио. Епидаурус, археолошки парк, оддалечен 30 километри од Нафлио. Сместен во борова шума, локалитет е под заштита на УНЕСКО. Амфитеатарот во Епидаурус е еден од најзачуваните и е светски познат. Во 4 век п.н.е. собирал околу 15 000 посетители. Фантастичен, заради акустичноста. Од централниот дел, во средината каде има бел камен, кога се говори се слушаат сите зборови до крајот. Тоа се потврдува со аплауз. Воодушевува, бидејќи е конструиран така што гледачите и од првите и од последните редови, полукружни и концентрични, можат подеднакво да ги следат содржините од различните програми. Амфитеатарот е активен. Се одржуваат театарски претстави и концерти. Се организира фестивал на античката драма. Епидаурус бил свето место и еден вид болница. Дел од објектите биле посветени на богот на медицината Асклепи. Во близината е неговиот храм. Тука е и Археолошкиот музеј со експонати кои сведочат за почетоците на медицинското лечење, бројни скулптури, столбови и различни детали. Микена е посебна со сопствена култура од 16 до 12 век п.н.е. Откриена е од германскиот археолог Хајнирх Шлиман, кој потоа ја најшол и Троја. Таа е најстара и најзначаен европски археолошки локалитети на листата на културно наследство на УНЕСКО. Во Пелопонеската војна, најголемата во историјата на Грција, победила Спарта. Микена е на рид од 300 метри, стратешко место со поглед на целиот простор. Кога ќе се погледнат околните врвови, ридови се гледаат силуети на војници, создадени од природата. Остатоци од масовно здание. Големи камени болкови, градена од еднооки џинови, киклопи. Коринтскиот канал е чудо кое го спојува Егејското со Јонското море. Рачно ископан канали долг 6 километри, широк 21 метар, а висок 79 метри. Одозгора личи на амбис. Има два моста, железнички и автомобилски.
Цена: 45
activity
Сунион
Иако неговата позната статуа е одамна изоставена, безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство. Грците отсекогаш го гледале морето, за враќањето на најблиските, за сигурна испорака на стоки, за вести за војна. Можеби затоа Храмот Посејдон, со својот прекрасен поглед на Егејскиот дел, се чини дека сè уште ја исполнува улогата на морска вода од високиот мов.
Цена: 25
activity
Акропол
Сместен на карпеста почва над Атина, Акропол е цитадела што најдобро ја прикажува архитектурата на класичниот свет. Најпознатата градба на овој камен рид е Партенон, храм посветен на божицата Атена (Ἀθηνᾶ) која била божица на цивилизацијата, т.е. на мудроста, женските вештини, ткаењето, занаетот и дисциплинарните страни на војната (насилството и крволочноста биле Аресов домен). И покрај вековните војни, земјотреси, грабежи и атмосферски влијанија, повеќето градби сè уште стојат.
Цена: 45

Напомена:

logo