
Островот кој Balkan Fun го донесе уште во 2015 година повторно се враќа во нашата понуда.
Додека последните години македонските туристи најчесто избираа Халкидики, Закинтос, Крф или Парга, постои еден остров кој со години беше добро чувана тајна меѓу европските патници.
Островот IOS.
Многумина денес го откриваат за првпат, но малкумина знаат дека токму Balkan Fun беше првата туристичка агенција која уште во далечната 2015 година организирано го донесе IOS во Македонија и им овозможи на македонските патници да го посетат овој неверојатен остров.
По неколку години пауза, IOS повторно се враќа во нашата понуда и повторно е достапен за македонските патници кои бараат нешто поразлично од класичното летување.
Сместен во срцето на Кикладите, помеѓу Санторини и Наксос, IOS долго време остануваше во сенката на своите попознати соседи.
Денес сè повеќе патници откриваат дека токму тука се наоѓаат прекрасни плажи, кристално чисто море, автентични грчки таверни и атмосфера која ретко може да се најде на толку популарна туристичка дестинација.



Една од најголемите заблуди е дека островите во Кикладите се прескапи. Реалноста е поинаква.
Во многу локални таверни на IOS ќе платите помалку отколку во голем број туристички места на Халкидики. Гиро, кафе, коктел или вечера често чинат помалку отколку во најпознатите туристички центри во северна Грција.
За разлика од Миконос или Санторини, IOS и понатаму нуди одличен однос помеѓу квалитетот и цената, што го прави одличен избор за младите патници и сите кои сакаат вистинско островско искуство без огромен буџет.


Најпознатата плажа на островот е Mylopotas Beach, една од најубавите песочни плажи во целиот Егеј.
Долгата песочна плажа, тиркизното море и бројните beach барови создаваат чувство дека сте на некоја далечна егзотична дестинација.



Главниот град Chora е вистинска разгледница од Грција. Белите куќи, тесните калдрмисани улици, традиционалните таверни и малите барови создаваат атмосфера која не може да се долови со фотографии.
Навечер целиот град оживува и станува место каде што се среќаваат патници од целиот свет.
IOS со години важи за една од најдобрите летни дестинации за забава во Европа. Дневните beach parties, вечерните забави низ Chora и познатите клубови создаваат атмосфера поради која илјадници млади секое лето повторно се враќаат на островот.
FarOut Beach Club
Pathos Sunset Lounge
По повеќе години, островот кој првпат го донесовме во Македонија уште во 2015 година повторно се враќа во нашата понуда.
Јули и август се резервирани за тиркизно море, незаборавни плажи, спектакуларни зајдисонца, нови пријателства и едно сосема поинакво грчко лето.
Ако барате нешто повеќе од класичен одмор во Халкидики, време е да го откриете IOS.
Погледнете ги термините за јули и август 2026.