Едно од најпопуларните места за туристите ширум светот е токму овој остров, магичниот Санторини.
👉🏻 Се што треба да знаете поврзано за овој кикладски остров ќе се потрудиме да ви го прикажеме во овој блог.
Посетата на овој остров можете да ја испланирате на два начини. Санторини поседува мал аеродром кој секојдневно има голема фрекфенција на авио превозници. Туристи од целиот свет доаѓаат да го посетат ова монденско место користејќи го авио превозот, но секогаш авионскиот превоз е поскап. Но, тука е и бродскиот превоз кој е многу значаен и поразвиен бидејќи голем дел од туристите одбираат да ги посетат и околните острови па поради тоа пристигнуваат на Санторини со брод.
Кикладите како група на острови се едни од најпопуларните во Грција за туристите. Нивното име потекнува од грчкиот збор (κυκλάς) кој во превод значи “око”. Прво место по големина од оваа група завзема островот Наксос а веднаш по него се и островите Андрос, Милос, Парос итн. Сигурно веќе се прашувате зошто токму Санторини е посебен од сите овие острови?
Санторини е мал вулкански остров сместен во јужниот дел на Егејското море кој всушност е остаток од голема вулканска експлозија која ја разрушила едната половина од островот. Жителите на овој остров уживаат во секојдневниот поглед од калдерата кон двата не населени вулкани Неа Камени и Палеа Камени од кој едниот е се уште активен. До овие два вулкани секојдневно се организираат екскурзии каде што може и да се бањате во сулфурна вода и да пешачите по самиот вулкан каде и што ќе видите минимален чад од активниот вулкан и мирис на сулфур. Од овде ќе имате прилика да направите многу добри фотки од каде што се гледа целата калдера и местата Имеровигли и Иа.
Имеровигли е едно од најпознатите места на островот. Тука се направени едни од најлуксузните хотели со приватни базени во секоја од собите. Ноќевањата во овие хотели достигнуваат цена дури и до 10.000 евра за ноќ. Преубавиот поглед и најубавото зајдисонце ќе ве остават без зборови. Од тука се и направени најпопуларните фотки од островот кои истите кружат низ светот како топ дестинација за посета. Исто така, покрај Имеровигли, местото на зајдисонцето е местото Иа (Oia). Oд оваа точка на островот ќе можете да ги направите најдобрите фотки кои слободно можете да ги наречете разгледници. Преубавите бели куќарки во комбинација со плавите кровови на црквите, темните ѕидини од вулканите и водата на морето ќе направат да имате уникатно чувство во моментот додека стоите тука. Магијата на овој остров продолжува и во ноќните часови. Тука ќе можете да уживате во големиот избор на ресторани, барови, кафичи и сувенирници. Во зависност од позицијата на рестораните е формирана и цената на пијалоците и храната. Ќе можете да уживате во чаша пиво од 4 евра и во чаша Просеко од 15 евра, изборот е ваш 🙂
Покрај овие луксузно- популарни места на само 15-20 километри се убавите плажи и бич барови. Во Периса ќе имате можност да се сретнете со уникатната црна плажа (Black Beach) која е настаната од црните камчиња (песок) од вулканите. Преубавите барови кои се со нормални цени ќе ја направат вашата посета на Санторини уште поубава. Од оваа позиција имате многу што да видите и научите за ова место. Археолошкиот град Акротири, црвената плажа (Red Beach), местото Агиос Георгиос и уште многу други активности ќе ги направат вашите спомени од Санторини не заборавни.
На овој остров исто така е многу актуелно производството на вино. Не е лесно да се одгледува лозје во Санторини. Топлите и сувите услови и ја намалуваат продуктивноста на почвата, но сепак мештаните го вадат максимумот од лозјата и произведуваат преубаво вино. Ќе имате прилика да ја посетите и винаријата која е навистина уникатна.
👉🏻 Наша топла препорака за посета на Санторини – Април/Мај или Септември/Октромви.
❤️ Доколку сето ова што го прочитавте тука ви изгледа како одличен план за посета на Санторини, погледнете ја и понудата која веќе традиционално 7-ма година ве носиме тука. Повеќе детали за истото можете да погледнете тука: