⏰ Последни ПОПУСТИ- Flex Festival! ⏰
Резервирај сега!
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Грција ги враќа визите за Македонските туристи од 15ти Јуни?

blog-photo

🧳 Грција ги враќа визите за македонските туристи – важи од 15 јуни!

Атина, 1 април 2025 – Во изненадувачки чекор пред летната сезона, грчките власти објавија дека повторно воведуваат визи за македонските државјани, почнувајќи од 15 јуни оваа година.

Според министерството за туризам на Грција, причината за оваа одлука е „преголема љубов од север“, бидејќи македонските туристи веќе се сметаат за „преемотивно приврзани“ за Грција.
„Не можеме да издржиме толкава љубов. Луѓе ни носат ајвар, пита, и пива во багажник – а после се жалат што кафето било 4 евра,“ изјави грчки официјален претставник со насмевка.

Како ќе изгледа новата виза?

Исклучоци од новиот режим:

Македонската јавност е збунета, а некои веќе почнаа да размислуваат за алтернативни дестинации како… Охрид. Паника завладеа и кај „онаа тетка што секогаш прашува дали ќе има гужва на граница“.

Од Атина велат: „Ние без вашиот ајвар не можеме, не се грижете нема да има визи!“


Оваа вест е апсолутна измислица и служи само по повод 1-ви април, денот на шегата. Не ја споделувајте со сериозен тон… или барем не без фрапе во рака. 😄


Имајте убав ден полн со насмвека. 😄

logo