Промо цени до 15.04.
АНТАЛИЈА
Анталија, е место каде што морето, сонцето, историјата и природата совршено се надополнуваат, поради тоа го има добиено епитетот “Бисер на Медитеранот”. Антички градови, море, сонце, плажа, шума – сето ова е дел од таа беспрекорна хармонија во Анталија. Истражете ги старите цивилизации во Анталија и Сиде, уживајте во зелените шуми на Кемер, вкусете ги уникатните јадења во Аланија, или опуштете се на плажите со алтен песок во Белек и Лара.
Одберете го правиот хотел во Анталија за вашиот летен одмор на следниот пребарувач👇
БОДРУМ
Бодрум е најживописниот дел на Турција, вистински туристички бисер со долга историја и традиција – тој е турскиот Сaн Тропе. Елегантен, луксузен и модерен приморски туристички центар, а истовремено град со долга историја и традиција. Лоциран на истоимениот полуостров, наспроти грчкиот остров Кос, Бодрум е вистински бисер на турската егејска обала која се карактеризира со пријатна мека клима, кристално море, многубројни лагуни и плажи во заливи, брдовит зелен брег…
Одберете го правиот хотел во Бодрум за вашиот летен одмор на следниот пребарувач👇
ХУРГАДА
Хургада или бисерот на египетскиот брег, со повеќе од 50 километри крајбрежје. Се наоѓа на Црвеното Море, кое од страна на туристите е наречено „Море од седум бои“ . Новоизградените хотели кои го одземаат здивот со својата убавина и грандиозност, во комбинација со локалниот начин на живот, даваат вистинска слика за Египет. Црвеното Море е вистинско место доколку сте љубител на подводниот свет. Идеалната позиција на градот нуди можност за разни екскурзии.
Одберете го правиот хотел во Хургада за вашиот летен одмор на следниот пребарувач👇