clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Будимпешта-Нова година 2027

Период: 30/12/2026 - 03/01/2027
259€
199€
Одбери сместување
Будимпешта
Дочекајте ја Новата година во Будимпешта – еден од највпечатливите европски градови, каде празничната магија, богатата историја и живата атмосфера создаваат незаборавно искуство. Раскошно украсените улици, божиќните базари, концертите на отворено и спектакуларниот огномет над Дунав го прават новогодишниот дочек навистина посебен. Будимпешта е идеален избор за оние што сакаат да ја започнат новата година со стил, добра енергија и спомени што долго ќе ги паметат.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. ДЕН - 30.12.2026 СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 12:00 до 14:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Будимпешта преку Србија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Поаѓање, дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царнски формалности.
2. ДЕН - 31.12.2026 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Следува организиран разглед на градот со лиценциран локален водич. За време на разгледот ќе се запознаете со најзначајните знаменитости на унгарската престолнина, градот кој со право го носи епитетот „Бисерот на Дунав“. Разгледот ќе ги опфати најпознатите делови на Будимпешта, меѓу кои: Плоштадот на Хероите, Градскиот парк, Авенијата Андраши, Операта, Базиликата Свети Стефан, Парламентот – една од највпечатливите градби покрај Дунав, како и панорамскиот дел на Будим, каде ќе се посетат Рибарската тврдина, Црквата Свети Матијаш и ќе се ужива во прекрасниот поглед кон градот и реката Дунав. Ќе имате можност да ги видите и познатите мостови, меѓу кои и Синџирниот мост, како и најзначајните плоштади и историски улици кои ја создаваат уникатната атмосфера на Будимпешта. По завршувањето на разгледот следува сместување во хотел по 15:00 часот. Во вечерните часови можност за индивидуална прошетка низ празнично украсената Будимпешта и дочек на Новата 2027 година на некој од централните плоштади или во некој од бројните ресторани, кафулиња и локали. Ноќевање.
Пристигнување во Будимпешта, разглед на градот, сместување во хотел, дочек на Новата година.
3. ДЕН - 01.01.2027 СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Сент Андреа, живописно барокно градче сместено на брегот на Дунав, познато по својата уметничка атмосфера, тесните калдрмисани улички, шарените фасади и бројните галерии. За време на прошетката ќе имате можност да го разгледате старото градско јадро, главниот плоштад со историските градби, малите продавници за сувенири, традиционалните слаткарници и да уживате во автентичната атмосфера на ова прекрасно градче. Слободно време за прошетка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност факултативно крстарење по реката Дунав, една од најубавите атракции во Будимпешта. За време на крстарењето ќе имате можност да уживате во прекрасниот поглед кон најзначајните знаменитости на градот од водена перспектива, меѓу кои величествениот Парламент, Будимскиот дворец, Рибарската тврдина, Црквата Свети Матијаш, како и познатите мостови кои ги поврзуваат Будим и Пешта. Крстарењето претставува одлична можност за фотографии и уживање во уникатната панорама на празнично украсената Будимпешта. По завршувањето на активностите следува враќање во хотелот. Ноќевање.
Факултативна посета на градчето Сент Андреа и крстарење по Дунав.
4. ДЕН - 02.01.2027 БУДИМПЕШТА-СКОПЈЕ
Појадок и напуштање на хотелот. Доколку постои можност патниците добиваат слободно време за индивидуални активности, прошетка или шопинг во некој од трговските центри и продавниците во Будимпешта. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје после полноќ на 03.01.2027.

Напуштање на хотелот, поаѓањ кон Македонија.
Напомена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
✅ Превоз со високо туристички автобус според програмата,
✅ 2 ноќевања во хотел Flow 4* со појадок,
✅ Пратител и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
❌Тутистичка такса – 4 еур/лице (за двете ноќевања)
❌Задолжително патничко и здравствено осигурување – 6 еур/лице (може да се изготви и во агенцијата)
❌Индивидуални трошоци
❌Факултативни излети
❗(Разглед на Будимпешта е задолжителен излет, се плаќа во агенција при резервација)

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на Будимпешта – Задолжителен излет
Будимпешта не е само град туку поим за спој на историјата и сегашноста и со својата архитектура докажува дека историјата ни е на дофат кога ќе посакаме. Можеби не можеме да се вратиме назад во времето но архитектурата на овој град ќе ни помогне да успешно направиме ретроспектива на настаните од едно релативно далечно време. Разгледот на градот ќе го започнеме од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Ќе продолжиме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј ќе се упатиме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја.Разгледот градот ќе го завршиме со посета на импозантната црква лоцирана на Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав.
Цена: 20
activity
Крстарење по Дунав
Доживејте ја Будимпешта од најубавата перспектива – со незаборавно крстарење по реката Дунав, една од највеличествените реки во Европа. Пловејќи низ срцето на градот, ќе уживате во спектакуларен поглед кон величествениот Парламент, Замокот Буда, познатите мостови и островот Маргарет – знаменитости кои се дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Во релаксирана атмосфера, додека го следите градот од водата, локален водич ќе ве запознае со неговата богата историја, интересни приказни и најзначајните знаменитости, правејќи го ова искуство едно од највпечатливите за време на вашиот престој во Будимпешта.
Цена: 25
activity
Сент Андреа
Сент Андреа мал град на брегот на Дунав, кој се наоѓа на околу 40 минути од Будимпешта. Најпознат по медитеранските вибрации и српската историја, Сан Андреа нуди и барокна архитектура, продавници за унгарски фолклор и многу уметност, стара и модерна. Кога ќе се приближиме до главниот плоштад ќе почнете да забележувате нешто необично: плочи испишани со кирилични букви, српски православни цркви, имиња на улици и цркви со словенски звук како Пожаревацска и Кучера и лавиринтски улички како во медитерански град. Зошто? Бегајќи од Отоманската Турција кон крајот на 17 век, толпи српски и исто така далматински и грчки имигранти се населиле во овој заспан средновековен град откако кралот на Унгарија, Хабсбург Леополд I, им доделил граѓански и верски слободи. Сент Андреа како град почнал да цвета благодарение на овие новодојденци.
Цена: 25

Напомена:

logo