clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Букурешт и Трансилванија-Нова година 2027

Период: 30/12/2026 - 03/01/2027
239€
189€
Одбери сместување
Букурешт-Трансилванија
Букурешт е една од најпосетуваните новогодишни дестинации, познат по својата енергија, празнична атмосфера и одлична забава. Во деновите околу Нова година, градот оживува со спектакуларни украси, бројни настани и незаборавна атмосфера. Со Balkan Fun, те очекува одлична организација, супер екипа и дочек што ќе го паметиш долго.
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. ДЕН - 30.12.2026 СКОПЈЕ-БУКУРЕШТ
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 19:00 до 20:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Букурешт преку Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Поаѓање, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царнски формалности.
2. ДЕН - 31.12.2026 БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Следува организиран разглед на градот со лиценциран локален водич. За време на разгледот ќе се запознаете со најзначајните знаменитости на романската престолнина, меѓу кои: Палатата на Парламентот – една од најголемите административни згради во светот, Плоштадот на Револуцијата, Триумфалната капија, Авенијата Победа (Calea Victoriei), како и останатите значајни булевари, плоштади и архитектонски знаменитости кои го претставуваат современиот и историскиот лик на градот. По завршувањето на разгледот следува сместување во хотел односно после 15:00 часот. Во вечерните часови можност за индивидуална прошетка низ празнично украсениот Букурешт и дочек на Новата 2027 година на некој од централните плоштади или во некој од бројните ресторани и локали.
Ноќевање.
Пристигнување во Букурешт, разглед на градот, сместување во хотел, дочен на Новата година.
3. ДЕН - 01.01.2027 ТРАНСИЛВАНИЈА
Појадок. По појадокот следува факултативна целодневна екскурзија во Трансилванија – регионот познат по своите средновековни градови, величествени замоци и живописни карпатски предели. Првата посета е на Замокот Пелеш, поранешната летна резиденција на романското кралско семејство и еден од најубавите дворци во Европа. Поради празничниот период, замокот во овој термин не работи за посета на внатрешноста, па разгледот е предвиден однадвор. Ќе имате можност да уживате во неговата импресивна неоренесансна архитектура, прекрасните фасади, украсниот двор и живописната планинска околина, како и да направите фотографии од еден од најпознатите симболи на романската историја. Патувањето продолжува кон Замокот Бран, светски познат како „Замокот на Дракула“. Средновековниот замок, изграден на карпест рид, е една од најпосетуваните знаменитости во Романија и е поврзан со легендата за грофот Дракула, инспирирана од историската личност Влад III Цепеш. Следува посета на Брашов, еден од најубавите средновековни градови во Романија. Прошетка низ старото градско јадро со калдрмисаните улици, шарените фасади, централниот плоштад Советулуи (Piața Sfatului) и поглед кон прочуената Црна црква, најголемата готска црква во Југоисточна Европа.
Слободно време за индивидуална прошетка и уживање во атмосферата на градот. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.
Факултативна посета на Трансилванија.
4. ДЕН - 02.01.2027 ТЕРМАЛНИ БАЊИ
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Therme Bucharest, најголемиот велнес, спа и термален комплекс во Европа. Комплексот располага со бројни базени со термална вода, внатрешни и надворешни базени, сауни, парни бањи, џакузи, палми и тропска вегетација, како и различни зони за релаксација и рекреација. Слободно време за уживање во содржините на комплексот. По посетата следува враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или прошетка. Ноќевање.

Факултативна посета на Therme Bucharest.
5. ДЕН - 03.01.2027 БУКУРЕШТ-СКОПЈЕ
Појадок и напуштање на хотелот. Слободно време за шопинг во некој од познатите трговски центри во Букурешт. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Напуштање на хотелот, посета на шопинг центар, поаѓањ кон Македонија.
Напомена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
✅Превоз со високо туристички автобус според програмата,
✅3 ноќевања во хотел со 3* со појадок,
✅Посета на шопинг центар,
✅Пратител и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
❌Туристичка такса – 6 еур/лице (за трите ноќевања)
❌Задолжително патничко и здравствено осигурување – 6 еур/лице (може да се изготви и во агенцијата)
❌Индивидуални трошоци
❌Факултативни излети
❗(Разглед на Букурешт со локален водич – задолжителен излет – 15 еур.)

Со цел навремена резервација и соодветна организација на посетите и излетите, секој патник е должен при уплата да се изјасни за кои е заинтересиран. Накнадно пријавување ќе биде возможно само во зависност од достапноста на слободни места и влезници. Агенцијата не сноси одговорност доколку при дополнително пријавување нема можност за обезбедување на истите.

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на Букурешт – Задолжителен излет
Парламентот Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Плоштадот на Револуцијата Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Calea Victoriei Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица.
Цена: 15
activity
Therme
Therme Bucuresti е најголемиот велнес центар во Европа. Може да се пофали со низа неверојатни објекти, вклучувајќи термички загреани внатрешни и надворешни базени, тематски сауни, минерални базени, тобогани, парни соби и инфра-црвени третмани - тоа е совршено место за одмор и релаксација. Џиновскиот комплекс се простира на 30.000 квадратни метри, има капацитет за 800 луѓе и е на 20 километри од Piata Romana во центарот на Букурешт. Тоа е, исто така, најголемата ботаничка градина во Романија и има над 800.00 растенија (вклучувајќи 1.500 палми) во комплексот. Во комплексот има три различни области - Galaxy, Palm и Elysium (ние ги посетуваме Galaxy и Palm) секоја има свои опции за јадење и нуди различни објекти, атракции и третмани. Доколку патувате како семејство, без гајле, Терме комплексот нуди и игротека дел за најмалите членови на семејството во времетраење од 3 часа.
Цена: 50
activity
Трансилванија
Замокот Пелеш Сместен во прекрасниот планински предел на Карпатите, замокот Пелеш е една од најубавите кралски палати во Романија, позната по својата раскошна архитектура и прекрасното опкружување. Поради датумот на посетата, 01.01., замокот не работи и ќе може да се разгледа само однадвор. Замокот Бран – „Замокот на Дракула“ Еден од најпознатите романски замоци, обвиткан со легенди и мистерии, кој плени со својата средновековна архитектура и уникатна атмосфера. Влезницата за замокот се купува индивидуално, на лице место. Брашов – шармот на Трансилванија Прошетка низ живописниот стар град Брашов, познат по своите калдрмисани улички, историски плоштад, прекрасна архитектура и познатата Црна црква. Градот нуди совршена комбинација на историја, култура и автентичен романски шарм.
Цена: 50

Напомена:

logo