Се уште размислувате како да ги поминете зимските празници?
Без гајле, спремивме зимски понуди за сите вас. Еве како ќе изгледа нашето патување за Виенскиот божиќен базар каде што ќе следиме light-art шоу, ќе поминеме низ некој од 905-те вкупно штандови во градот, ќе можете да купите убав сувенир за блиските и ќе се топлиме со пунч или варено вино со каранфилче. Засега уживајте во оваа виртуелна тура низ божиќниот базар во Виена.
Додека шетаме низ штандовите ќе имате шанса да купите топол напиток и филџан кој ќе биде вклучен во цената а кога ќе завршите со користиње, филџанот можете да го вратите на било кој штанд каде Ви рефундираат или пак некои одлучуваат филџанот да го задржат од ова патување како сувенир.
Еве и некои интересни факти за Божиќниот базар во Виена :
Дебитант во категоријата Божиќни базари е Виенскиот декемвриски базар во средниот век. За прв пат организиран во 1298 година, кога на граѓаните им била дадена дозвола да одржуваат Крипенмаркт за време на зимските празници. Првите божиќни базари започнале само со продажба на месо, но еволуирале во настан за продавање на секојдневни потребности и на крајот сезонски задоволства, украси и занаети – придружени со пеење и танцување.
Божиќните базари својата популарност ја доживеале во 16-ти век кога германскиот протестантски реформатор Мартин Лутер предложил дека раѓањето на Христос е посоодветен ден за подарување подароци на блиските. Црквите биле првите поттикнувачи на божиќни базари и ги поставувале околу црквите за да привлечат внимание на граѓаните да присуствуваат на богослужбите но набрзо се нашле во конкуренција со нерелигиозни организатори кои се бореле за да постават свои тезги на базарите.
Погледнете ги нашите понуди за престпојните новогодишни празници
https://balkanfun.mk/patuvanja/viena2024/
https://balkanfun.mk/patuvanja/viena-christmas-market/