clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Најубавите плажи на Сицилија

blog-photo

Најголемиот остров на Средоземното море – Сицилија, кој е сместен на врвот од италијанската чизма. Секоја година привлекува голем број на туристи од целиот свет поради автентичната култура, архитектура и преубавите плажи.

Сицилијанската крајбрежје е долго 1000 километри, што немора да ве загрижува дали ќе најдете плажа по ваш вкус. Било какви плажи да преферирате, песочни или каменести, диви или урбанизирани, мали или големи, се тоа моќе да најдете на Сицилија.

Доколку ова лето се одлучите да летувате на Сицилија, ќе имате голем избор бидејќи овој остров излегува на 3 мориња – Јонско, Средоземно и Тиренско море.

 

Плажи кои се на Средоземното море

Сицилија е најголемиот остров на Медитеранот, а ова крајбрежје е богато со живописни села и прекрасна природа. Овде се наоќаат најубавите плажи на Сицилија,а некои од нив ги издвоивме.

Fontane Bianche

Оваа плажа се наоѓа во југоисточниот дел на островот. Долга плаќа која ја краси бел песок и преубаво чисто тиркизно море. Fontane Bianche го добила името по природните топли извори кои се наоѓаат во близина. Плажата е идеална за деца, затоа што водата е топла и мирна.

Calamosche

Ова е супер место за оние кои се љубители на природата. Звукот на брановите е единствениот звук кој можете да го слушнете, тука нема одмаралишта или пак барови. На оваа плажа можете да видите голем број на лагуни и мали песочни плажички. Немојте да се изненадите доколку покрај вас помине некој паун.

Scala dei Turchi

Оваа плажа по мисење на многу е една од најатрактивните плажи на Сицилија, се наоѓа на јужниот дел од островот. Името на оваа плажа во превод значи турски скали.

Плажите на Тиренско море

Ако се прашувате каде се најубавите плажи на Сицилија, одговорот е на Тиренско море, на северната страна на сицилија. На оваа страна се наоѓа и градот Палермо, кој е 5 ти најголем град во Италија.

San Vito Lo Capo

Долга плажа со бел песок која од едната страна излегува на кристално чиста вода а од другата страна величенствена планина. Овој дел од островот е популарен меѓу спортистите кои се занимаваат со алпинизам.

Cefalu

Преубавиот град Чефалу се наоѓа на 75 километри источно од Палермо. Градот го имаат созадено првите жители на Сицилија и Грците. Целиот град се протега на истоимената песочна плажа. Бројни историски градби и афтентични за тој дел на Сицилија, даваат посебен дух кога сте тѕука. Тиркизното море и преубавиот залез на сонцет, ова место го прави посебно и романтично.

Mondello Lido

Девет километри од Палермо се наоѓа плажата Mondello Lido. Плажата е долга скоро 2 километри, доста е широка и прекриена е со бел песок. Прошетка по плажата е нешто што не се пропушта. Доколку ја посетувате оваа плажа можете да пробате доста морски специјалитети кои се служат во ресторанчињата покрај плажата.

Cala Rossa

Оваа плажа не е до толку популарна поради тоа што неможе лесно да се стигне до неа, но доколку се одлучите ќе сфатите дека се исплати. За многу од самитите сицилијанци, оваа плажа е најубавата на целиот остров. Плажата се наоѓа на мал планински остров Favignana кој припаѓа на Сицилија, а до него можете да стигнете со фери линија од местото Трапани.

Плажи на Јонско море

Источната страна на островот излегува на Јонското море, познато по преубавите нијанси на сина боја. На оваа страна на островот се наоѓаат едни од најубавите места како што се Таормина, Катанија и Сиракуза.

Јонскиот брег е познат по тоа што на оваа страна се наоѓаат и нудистичките плажи на Сицилија. Доколку не сте нудисти, не се секирајте оваа страна има и плажи кои не се нудистички, а некои од нив ги издвоивме да ви ги опишеме.

Isola Bella

Името на оваа плажа има значење „Убав остров„ што доволно ви кажува за тоа што ве очекува. Isola Bella е една од најпознатите делови на островот. Се наоѓа веднаш до Таормина, и до неа се стига со жичара која се спушта од највисоката точка на градот. Оваа плажа е многу интересна за оние кои сакаат да нуркаат и се љубители на подводниот свет.

San Lorenzo Beach

Оваа плажа е сместена во југоисточниот дел на островот. Водата е прилично плитка во овој дел, а бојата асоцира на Карибите. Убав бел песок, преубава боја на вода, ова е право место за оние кои сакаат да се сончаат. Доколку станете гладни, не се секирајте во околните ресторанчиња можете да пробате некој морски специјалитет.

 

Постојат уште многу причини зашто да го посетите ова лето овој остров, кој е лулка на преубави плажи, историја, и добра превкусна храна. Спакувајте ги куферите, испланирајте го вашиот одмор и поминете едно поинакво авантуристичко лето.

Сицилија

 

 

logo