⏰LAST MINUTE - ПОСЛЕДНИ ПОПУСТИ!⏰
Book Now
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Дали е рано да го планирате своето летување?

blog-photo

Иако има уште неколку месеци за да ги почуствувате оние топли и сончеви денови, сепак не е рано да почнете да го планирате своето летување. Како и во многу други работи, доколку почнете на време да го планирате своето летување ќе го избегнете стресот кој Ве очекува, а ќе ги искористите големиот број на поволности кои Ви стојат на располагање со раното планирање на летото.

Раната резервација Ви овозможува добра заштеда

Доколку некогаш сте резервирале авионска карта, знаете дека како се доближува датумот на летот така се зголемува и цената на картата. Истото е и со туристичките аранжмани. Така наречената FIRST MINUTE акција, преставува изворедна понуда, доколку се пријавите доволно рано за одредено патување. Предност на ваквите уплати е тоа што ќе пројдете прилично ефтино, а при тоа ќе имате и многу повеќе време да го отплатите аранжманот. На овој начин, не само што ќе поминете поефтино, туку ќе можете со добра организација и да заштедите некој денар повеќе за самата дестинација

Со раната резервација до подобро сместување

Иако секогаш постојат мал број на среќници који можат да се пофалат дека го искористиле last minute периодот и при тоа да добијат солидно сместување, а исто така постојат голем број на примери кај кои одлучувањето набрзина ги довело до купат “мачка во вреќа”. Поради таа причина секогаш е подобро да се одлучите за FIRST MINUTE периодт и натанане да до одберете сместувањето по ваш вкус, затоа што односот помеќу квалитетот и цената во тој период е на страна на купувачот.

Мотивација

Доколку спаѓате во луѓето кои ги планираат работите на време, големи се шансите да сте една од оние личности кај кои мотивацијата има значајна улога во нивниот живот. Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои го имаат испланирано однапред својот одмор, своите задачи ги извршуваат со повеќе енергија и мотивација, бидејќи знаат што ги чека на крајот – заслужен одмор. А и доколку не спаѓате во оваа група на луѓе, а притоа не сте финансиски независни, можете да ја искористите претходната реченица и да барата од одредени луѓе да Ве мотивираат.

Истражување

Кога го планирате одморот на време, секогаш можете натанане да го истражите местото кое го посетувате, како и неговата околина. Да одлучите кои места да ги посетите, а кои да ги прескочите, која храна и пијалок да ги пробате, во кои кафичи да уживате, а во кои клубовите да лудувате.

 

 

logo