Здраво на сите патници и љубители на патувањата особено на оние кои се подготвуваат сега да тргнат на одмор!
Сакаме да ви го споделиме нашето истражување во изминатиот период и да ве информираме за една важна тема која многу влијае на вашиот буџет при патувањето. Веројатно многу од вас ја користат платформата Booking.com за резервации на сместувања низ целиот свет, а во овие период од годината најмногу за резервации во Грција. Но, дали сте забележале дека цените на оваа платформа често се значително повисоки од цените кои би ги добиле во туристичка агенција или од хотелите/ апартманите?
Booking.com е една од најпопуларните онлајн платформи за резервации, и тоа не е без причина. Платформата нуди огромен избор на сместувања, лесно и интуитивно пребарување, како и сигурност и доверба кои ги стекнала со годините. Сепак, оваа удобност има своја цена.
Booking.com заработува преку наплата на провизии од сместувањата кои се рекламираат на нивната платформа. Овие провизии често се движат помеѓу 15% и 20%, а понекогаш и повеќе. Ова значи дека сместувањата ги зголемуваат своите цени на платформата за да ги покријат овие провизии и сепак да остварат профит. На крајот, вие, патниците, сте тие што ги плаќате овие дополнителни трошоци. Во нашето истражување забележавме дека на просечна цена од 800 евра аранжман за двајца во Грција прикажана на платформата Booking.com во пракса односно по наше барање од хотелот цени како туристичка агенција за истиот период добивме дури и со над 20% пониски цени. Ве советуваме да внимавате на овие резервации или да побарате помош од нас како стручен тим.
Хотелите и апартманите често нудат специјални попусти и пакети кога резервирате преку туристичка агенција или директно преку нивните веб-страници. Овие попусти ретко се достапни на платформите како Booking.com.
Летувајте по вистински цени!