Иос дефинитивно е место каде покрај лудиот провод и ноќен живот, ќе можете да уживате во уникатните ресторани, таверни и lounge барови, сместени на извонредни локации и да пробате специјалитети направени од свежи локални состојки. Во продолжение ви издвојуваме 3 од нив:
1.Harmony Mexican Bar & Restaurant
Изграден право над карпата во стил на станбена куќа, како што се и останатите на овој остров, се наоѓа најдобриот мексикански ресторан. Меѓународно обучен тим од професионални готвачи користат свежи локални состојки за да создадат најразлични вкусни јадења. Не само што Harmony им обезбедува на своите гости прекрасни звуци од музички артисти во живо, туку има и поглед од 360 степени на плажата Милопотас и Егејското Море, кој со сигурност ќе ве остави без здив. Бидете подготвени да го наречете ова место – дома.
2. The Mills
Милс е традиционален ресторан со долга историја на одлична храна. Основан е во 1969 година и уште оттогаш се наоѓа во близина на плоштадот Милс, на многу живописно место во градот Хора. Сопствениците го имаат задржано бесконечниот шарм на ресторанот и автентичноста на производите кои се причината за нивниот долгорочен успех.
Храната во Милс има главно традиционални грчки корени со неколку прилагодувања досега. Ресторанот е сè уште познат по мусака, која се готви во старо тенџере, како и каламари на скара,а и здравите грчки салати направени од свежи состојки. Виното од буре и грчката музика се совршена придружба на прекрасниот оброк од локални специјалитети.
3. Pathos Sunset bar & Restaurant
Ресторанот Патос во Кумбара е совршенo место за собир со вашето друштво и опуштање во софистицираниот амбиент. Уреденоста и поставеноста, која ќе ве остави без здив, се должи на современиот мебел и грандиозната модерна архитектура на ресторанот. Ќе може да изберете од широката палета на вина ,елегантни коктели и најдобри гастрономски менија во склоп на овој романтичен амбиент. На средното ниво, во срцето на Патос, се наоѓа суши барот, каде ќе може да пробате суши подготвено од најквалитетни состојки, и свеж локален зеленчук и овошје. Овој идиличен и стилски ресторан нуди широк поглед кон егејското море, спектакуларно зајдисонце(пропратено со инструментална музика), и нуди совршено романтично искуство за јадење под ѕвездите.