clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Предности од патувањето со автобус

blog-photo

Иако дел се скептици кога станува збор за патување со автобус, сепак тоа со себе носи голем број бенефиции и поволности, па во продолжение ќе издвоиме 5 од нив:

  1. Попатно разгледување

Една од најдобрите делови на патувањето е можноста да се видат нови пејзажи. Додека патувате со авион се нуди убав поглед на облаците, но навистина не можете да добиете чувство за тоа како е долу. Рутата по која се движите е атракција сама по себе. Идејата на патување со автобус е да разгледате сè околу вас, да видите неоткриени предели, да направите смешни и неочекувани слики ,да го доживеете изгрејсонцето или зајдисонцето и да воспоставите нов контакт со светот.

  1. Заштеда на пари

Многу луѓе избираат автобуски превоз бидејќи е поефтин. Во автобус може да се сместат повеќе луѓе па поради тоа цената е помала во споредба доколку патувате со автомобил.   Билетите за подолги дестинации имаат тенденција да бидат поевтини отколку кога би патувате со авион. Дополнително заштедувате пари во ноќевање. што би ги потрошиле на хотели.

 

  1. Не е важно колкав куфер носите

Кога патувате со автобус можете да понесете куфер колкав вас ви одговара. Нема потреба да размислувате дали ќе ја преминете границата или ќе платите дополнителна такса за дополнителна тежина,и секако ранец кој го земате горе со вас. Исто така, нема потреба да се плашите од евентуално губење на куферот, што знае да биде случај при патувањето со авион.

 

  1.  Соодветна температура

Дали сте забележале дека  после полетувањето со авион одеднаш станува многу постудено во кабината? И навистина не се подготвивте за овој температурен шок? Климатизацијата во автобусите е секогаш прилагодена така што нема да мора постојано да седите во вашата зимска јакна ако надвор е многу ладно или да се потите цело патување во текот на летната сезона. Сè е во тоа да ви биде пријатно и опуштено за време на патувањето. И, ако ви стане премногу топло / ладно, имате копче над вашето седиште со кое можете сами да ја регулирате климатизацијата.

  1. Запознавање нови пријатели

Последната и најбитна ставка се луѓето што ќе ги запознаете на патувањето. Со нив ќе делите многу заеднички моменти, доживувања, фотографии, кои ќе ви останат во долго сеќавање после патувањето. Дополнително сите оние кои патуваат се опуштени и во добро расположение, а секако тука се возачите и водичите да придонесат за тоа, со добра музика и позитивна енергија, па така патувањата скоро секогаш се претворааат во караоке забави.

logo