clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Закинтос

Период: 22/08/2021 - 02/09/2021
269€
209€
Датуми на патувања
Закинтос
ЗАКИНТОС е трето по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.

ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.
Што добивате?
periodПериод
9 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
/
accomodationСместување
Апартман/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден / Скопјe – Македонија – Грција:
Поаѓање од паркингот спроти Holiday Inn во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Преминување граница. Контрола и царински формалности
2.-10.Ден / Грција – КИЛИНИ – Лаганас:
Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.
Не заборавна летна авантура
11.Ден / Лаганас – КИЛИНИ – Грција:
Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Проверка на соба и тргнување за дома.
12.Ден / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Прераскажување на спомените од најдобриот одмор
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје

✅ Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини 20 евра

PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Журка на брод
Подгответе се за единствената журка на брод. По загревањето во нашиот бар, тргнуваме на неколку часа не заборавна журка на брод и бањање на преубавите заливи и плажи на островот Маратонизи. Ова е дефинитивно еден од најубавите факулатативни излети кој не смеете да го пропуштите...
activity
Careta Careta
ЗАКИНТОС Е ПОЗНАТ ПО ЕДИНСТВЕНАТА ВРСТА НА ОГРОМНИ ЖЕЛКИ “CARETA CARETA” КОИ ГИ ИМА ПО ЦЕЛИОТ ОСТРОВ, А ПОСЕБНО ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА ОСТРОВО. БРОД СО ПОСЕБЕН СТАКЛЕН ПОД, ИСПЛОВУВА ЗА ОСТРОВОТ MARATONISI КАДЕ ШТО ЌЕ УЖИВАМЕ ВО БАЊАЊЕТО И ПОТРАГАТА НА ОВИЕ РЕТКИ ВРСТИ НА ЖЕЛКИ. ПОПУЛАЦИЈАТА НА ОВИЕ ВРСТИ НА ЖЕЛКИ ЕГОЛЕМА ВО БЛИЗИНА НА ОСТРОВОТ MARATONISI ТАКА ДА ВИ ГАРАНТИРАМЕ ДЕКА СИГУРНО ЌЕ ГИ ВИДИТЕ И ФОТОГРАФИРАТЕ CARETA CARETA ЖЕЛКИТЕ. ПОСЛЕ ОБИКОЛКАТА НА ОСТРОВОТ MARATONISI, НА ОВА КРСТАРЕЊЕ ЌЕ ГИ ПОСЕТИМЕ И АФТЕНТИЧНИТЕ KERI ПЕШТЕРИ КОИ СЕ ПОЗНАТИ ПО СВОЈАТА НЕВЕРОЈАТНО ЧИСТА И ПЛАВА ВОДА. ЌЕ НАПРАВИМЕ УШТЕ ЕДНА ПАУЗА НА ПРЕУБАВА ПЛАЖА ВО БЛИЗИНА НА KERI ПЕШТЕРАТА КАДЕ ШТО ЌЕ ИМАТЕ ВРЕМЕ ЗА БАЊАЊЕ И УЖИВАЊЕ ВО НЕВЕРОЈАТНО ЧИСТАТА ВОДА.
activity
Крстарење со брод
ЌЕ УЖИВАТЕ ВО НЕВЕРОЈАТНИТЕ ПЕЈСАЖИ КОИ ГИ НУДИ ЗАКИНТОС, ЌЕ ГИ ВИДИТЕ TSILVI, ALIKES, НЕВЕРОЈАТНИТЕ ПЛАВИ ПЕШТЕРИ, NAVAJO ПЛАЖАТА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ. ФОТОГРАФИИТЕ ОД ОВИЕ ПЛАЖИ СЕ СИНОНИМ ЗА ГРЧКИОТ ТУРИЗАМ, И ГИ ИМА ВО СИТЕ ПРОСПЕКТИ И КАТАЛОЗИ ЗА ЛЕТО. СЕКАКО ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЗАСТАНУВАМЕ ЗА СЛИКАЊЕ, И БАЊАЊЕ НА СИТЕ ПРЕУБАВИ ЛОКАЛИТЕТИ.
activity
Најубавите плажи на Закинтос
ПЛАЖА BANANA СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА СТЕ СПРЕМНИ ДОБРО ДА СИ ПОМИНЕТЕ НА НЕВЕРОЈАТНАТА ПЛАЖА BANANA. ЖУРКА НА ПЕСОЌНАТА ПЛАЖА, НЕБЕСНО ПЛАВА ВОДА И ЦЕЛ ЗА УЖИВАЊЕ. СТОТИНА МЛАДИ ОД ЦЕЛИОТ БАЛКАН, НАЈДОБРА HOUSE МУЗИКА И ПРЕУБАВА ПЛАЖА ЌЕ НАПРАВАТ НЕЗАБОРАВНА ЖУРКА НА ОВАА ФАКУЛТАТИВА. ПЛАЖА SV. NIKOLA ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ НА ЦЕЛИОТ ОСТРОВ. КОЈА ПОКРАЈ СВОЈАТА УБАВИНА НУДИ И ДОСТА РАЗОНОДА, СПОРТОВИ НА ВОДА, РЕСТОРАНИ,BEACH БАРОВИ, МЕСТА ЗА ОДМОР И УЖИВАЊЕ...
activity
Посета на градот Занте
ГРАДОТ ЗАКИНТОС, ПОЗНАТ КАКО НОВА (CHORA) Е НОВ ГРАД И СЕ НАОЃА НА ИСТО МЕСТО КАДЕ Е И СТАРИОТ КОЈ Е УНИШТЕН ВО ГОЛЕМИОТ ПОЖАР И ЗЕМЈОТРЕС ОД 1953. ГОДИНА. НОВИОТ ГРАД Е ИЗГРАДЕН ВО НЕО – КЛАСИЧЕН И ВЕНЕЦИЈАНСКИ СТИЛ. ОВДЕ СЕ НАОЃА ДОЛГО ШЕТАЛИШТЕ, КАДЕ СЕ ПРОСТИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ALEXSANDROU ROMA ST. НАЈПОЗНАТ ПЛОШТАД Е СОЛОМОНОВИОТ ПЛОШТАД, КОЈ ВОЕДНО Е И НАЈГОЛЕМ НА ЗАКИНТОС. ТВРДИНАТА – BOHALI Е ЕДНО ОД НАЈУБАВИТЕ МЕСТА НА ОСТРОВОТ. ЌЕ ВИДИТЕ ЗАШТО ТОА МЕСТО Е ОМИЛЕНО НА ЛУЃЕТО ШТО ЖИВЕАТ ТАМУ.

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје

✅ Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини 20 евра

PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

logo