clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

ВИЕНА – БРАТИСЛАВА

Период: 08/03/2023 - 12/03/2023
189€
159€
Датуми на патувања
Виена - Братислава
ВИЕНА - актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции... шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн, Моцарт...Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/ Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден. 08.03.2023 СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување за Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 09.03.2023 Шопинг центар Parndorf - ВИЕНА
Планирано пристигнување во претпладневните часови со посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена и следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Сместување во хотел. Ноќевање.
Посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг
3 Ден. 10.03.2023 ВИЕНА – БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
Појадок. Факултативен разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за кафе пауза и ручек. Се враќаме во Виена. Слободно време за индивидулани активности. Ноќевање.
Факултативен разглед на Братислава.
4 Ден 11.03.2023 ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф... Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалност.
Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ и Дунавската Кула
5 ден. 12.03.2023 СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во утринските часови.
Пристигање во Скопје во утринските часови.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

✅Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Дунавска Кула
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице (се плаќа во агенција)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

✅Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Дунавска Кула
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице (се плаќа во агенција)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo