clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Виена

Период: 06/12/2024 - 10/12/2024
229€
169€
Одбери сместување
Виена
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 06.12.2024 - Скопје - Виена
Состанок на групата на паркингот спроти С.Ц.Борис Трајковски во 15:00 часот. Тргнување за Виена во 15:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 07.12.2024 Виена
Пристигнување во предпладневните часови следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот . Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка(јавен превоз) низ центарот на Виена со пратител. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање
Пристигнување, панорамски разглед на градот, , сместување во хотел.
3. Ден 08.12.2024 Виена
Појадок. По појадокот Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф…Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе или факултативна посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“, Дунавска кула.
4. Ден 09.12.2024 Виена - Скопје
Појадок. Напуштање на хотел. Слободно време за индивидулани активности и прошетки низ преубавата Виена. Во попладневните часови заминување за Скопје.
Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3* (околина)

✅Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

✅Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Дунавска Кула
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице (се плаќа во агенција)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Дунавската Kула
Дунавската кула е највисоката зграда во Австрија и иконска знаменитост во Виена. Кулата висока 252 метри нуди панорамски поглед од 360 степени на градот, како што се стариот град, паркот Дунав и Виена Вудс.Локално позната како Донаутурм, кулата се наоѓа во близина на северниот брег на реката Дунав и нуди во областа Донауштат. На Дунавската кула можете да очекувате неверојатен поглед од 360°.Лифтот ќе ве однесе за 35 секунди до палубата за гледање висока 150 метри каде што ќе бидете пречекани со најубавиот панорамски поглед на Виена.
activity
Шенбрун
Палатата Шенбрун е светско културно наследство и најпосетуваната глетка во Австрија. Името „Schönbrunn“ значи „Прекрасна пролет“ .Севкупното барокно уметничко дело кое се состои од палата и градини со векови било сопственост на Хабсбурзите и денес е главно во првобитната состојба. Посетителите тука ќе најдат бројни атракции во обиколка низ автентично опремените станбени и свечени простории на Царското семејство во палатата.Покрај 32-те скулптури, во прекрасните градини на палатата гордо стои Глориет висока 60метри, гордо свртена кон палатата, урнатината на Катагина, лавиринтот, палмната куќа која служи како прекрасна ботаничка градина, оранжерија и најстарата зоолошка градина во светот.
activity
Разглед на Виена
Виена е еден од најпосетуваните градови во Европа, сосема заслужено. Лоциран на истокот, овој град може да се пофали со многу туристички атракции, архитектура и природни убавини. Спојот на софистицираност и природа го прави овој град идеален за туристи од секоја возраст. Панорамската тура ќе ја почнеме со посета на Рингштрасе а ќе ги видиме и Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере(факултативна посета внатре во дворецот), Катедралата Св. Стефан и Зимскиот дворец Хофбург.

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3* (околина)

✅Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

✅Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Дунавска Кула
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице (се плаќа во агенција)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo