clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Ski-Opening Kopaonik

Период: 09/12/2021 - 12/12/2021
149€
119€
Датуми на патувања
Копаоник
Традиционално отворање на новата ски сезона 2021/2022 на Копаоник, период од 09-12 декември 2021година. Прв пат е одржана 2010 година, со цел на симболичен начин да се одбележи отворање на ски сезона. Секоја година привлекува се повеќе гости од целиот регион. Омилен зимски центар помеѓу помлада популација поради добрата забава и богатиот ноќен живот. Забавата во текот на четирите дена ги загрева сите скијачи со многубројни промоции, модни ревии на отворено како и целодневна забава со популарни бендови и DJ-и.
Првите денови од сезоната поминете ги на снегот во скијање, бордање, санкање, ски натпревари, наградни игри, модни ревии.
Копаоник е најголем ски центар во Србија и е еден од најубавите во овој дел со просечно 160 дена под снег, од крајот на ноември до првите мајски денови. Заради поволната клима со скоро 200 сончеви денови годишно, го заслужува своето второ име - Сончева планина.
Освен спортот и традицијата и вкусната кујна е она што ги привлекува туристите во Копаоник.
Копаоник нуди преку 62 км уредени патеки за алпско и нордиско скијање. Поседува и уреден snow-board парк, за најмладите е изграден нов, современ, обезбеден простор со подвижна трака и карусел, 24 жичари и ски лифтови со капацитет од преку 33.000 скијачи на саат (3 шестоседни жичари, 7 четвороседни, 4 исклопиви четвороседни со голема брзина и 3 фиксни четвороседни со подвижна трака, 2 двоседни жичари и 12 ски лифтови.
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Соба/Студио
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 ден – 09 декември (четврток)
Состанок на групата во утринските часови од паркингот пред Вип хотел.. Се патува преку граничниот премин Блаце, Косово, граничен премин Косовска Митровица, со попатни паузи на граничните премини. Планирано пристигнување на Копаоник околу 13 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор.
Попладне планирана прошетка до центарот и запознавање со околината. Враќање во хотел и подготвување за вечерна забава.
Ноќевање.
Царински формалности и пристигнување во Копаоник
2 – 3 ден – 10 и 11 декември (петок/сабота)
Време за забава, скијање, санкање, дружба, релаксација во спа центар.
Уживање на ски терените на Копаоник
4 ден – 12 декември (недела)
Околу 09 часот напуштање хотелот, слободно време до 14 часот и тргнување за Скопје. Се патува преку Косово. Планирано пристигнување во Скопје вечерните часови.
Враќање кон Македонија
Напомена

Цената вклучува:

✅ 3 ноќевања со појадок во апарт хотел Mujen Lux

✅ Превоз на релација Скопје – Копаоник – Скопје

✅ Организација на патувањето

✅Пратител на групата за цело време на престојот

✅ Користење на Wellness & Spa центарот

Цената не вклучува:

Задолжително патничко осигурување

Туристичка такса 1,5 евра од ноќ по лице

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

За влез во Србија нема никакви ограничувања, но за назад влез во Македонија е потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележаност не постар од 45 дена или ПЦР или антигенски тест. 

logo