clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Сицилија

Период: 30/04/2024 - 06/05/2024
499€
399€
Одбери сместување
Сицилија - Италија
Приморскиот град Рокалумера се наоѓа на јонскиот брег, во градскиот град на провинцијата Месина.
Има население од околу 4.000 жители. Рокалумера е град познат не само по своите преубави и долги
плажи, туку и по поетот добитник на Нобелова награда Салваторе Квазимодо, кој таму го има
поминато своето детство и младост во куќата на своите баба и дедо кои се наоѓаат на улицата Умберто
Што добивате?
periodПериод
4 Ноќевања Хотел / 2 Ноќевања Брод
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 ДЕН 30.04. : Македонија – Албанија – Драч:
Состанок на група во 12:30 пред спортска сала Борис Трајковски. Тргнување во 13:00 за Албанија.
Возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч
Албанија околу 19:30 часот. Качување на траект во 22:00. Ноќно пловење до Бари.
Состанок на групата, царински формалности и попатни паузи
2 ДЕН 01.05.: Италија – Бари – Месина – Сицилија:
Пристигнување во Бари во утринските часови. Царински формалности па тргнување во 10:00 накај
Сан Џовани и пристигнување таму околу 16:00. Во Сан Џовани се качуваме на траект за Месина.
Пристигнување на Сицилија и возење до Рокалумера. Пристигнување во хотел околу 17:30 часот.
Сместување. Ноќевање.
Пристигнување во Бари во утринските часови.
3 ДЕН 02.05.: Сицилија - Катанија – Сиракуза:
Појадок. По појадокот ни следи факултативен излет Катанија и Сиракуза. Разглед на Катанија со
локален водич. Катанија е втор најголем град на Сицилија и се наоѓа во непосредна близина на
вулканот Етна. Поради вулкански ерупции и земјотреси, овој град е често уништуван па граден
повторно. Стилот на архитектура е барок а меѓу најважните места за посета се Пјаца Дуомо,
катедралата Санта Агата и Виа Етнеа улицата со барови и ресторани, совршено место за
туристичка посета. По разгледот на Катанија се упатуваме за Сиракуза. Сиракуза е град сместен на
источниот брег на Сицилија. Градот има античка историја, попрецизно хеленистичка историја.
Коринтијанците биле првите кои го откриле овој град и планирале да го направат грчки центар за
развој и политика. За овој град Цицерон тврдел дека е најубав и најважен град на Грчката
империја. Изграден од бел мермер, овој град заслужено го носи името Белиот град. По разгледот
се враќаме во Хотел. Ноќевање.
По појадокот ни следи факултативен излет Катанија и Сиракуза.
4 ДЕН 03.05. Сицилија – Таормина:
Појадок. Слободно време во Рокалмера до претпладевните часови. Во попладневните часови ни
следува факултативна посета на Таормина. Град кој го добил името по планината на која е
сместен, Таор планина. Историски бил освојуван од Арапи, Норманци и Грци кои со својата
култура придонеле да Таормина денес биде центар на културен микс од повеќе страни на светот.
Во овој град инспирација наоѓале повеќе светски уметници и актери како Оскар Вајлд, Гете, Густав
Климт, Елизабет Тејлор и Вуди Ален, Грета Гарбо и број други. Тие инспирацијата ја наоѓале
насекаде низ градот а дел од местата се главната улица Corso Umberto, Piazza IX Aprile, Грчкиот
театар и прекрасната градина Вила Комунале. Освен историски монументи, градот е полн со
барови и ресторани како и квалитетни бутици. Враќање кон хотел во вечерните часови. Слободно
време и ноќевање.
Во попладневните часови ни следува факултативна посета на Таормина.
5 ден 04.05. : Сицилија - Палермо – Ќефало:
Појадок. По појадокот ни следи факултативна екскурзија за Палермо. Првичното име на Палермо
било Панорамус поради панорамскиот поглед и грчкиот превод за “пристаниште”. Се верува дека
градот постои повеќе од 2,700 години. Палермо е воедно најголем град и најголемо пристаниште
на Сицилија. Архитектурата е тесно поврзана со историјата на градот, поточно нациите кои
населувале и освојувале меѓу кои Арапите, Шпанците и Норманите. Стилот на градби постојано се
менувал а денес се останати градби од Романски стил, Готски стил и Барок. Палермо денес е
главен град на Сицилија и град со висок економски, културно-уметнички и туристички статус.
Попладнето посета на градот Ќефалу. Ќефалу што на грчки значи “глава”. Интересно за ова градче
е дека е сместено под карпа која на градот му служи како капа на главата т.е градот. Подоцна
Римјаните го нарекле Coephaledium а арапите го нарекле Гафлуди или град со зидини на убава
вода. Ќе поминеме низ историски и културни знаменитости од еленистички како и Византиски
период меѓу кои мозаици, катедралата na Ќефалу, палатата Osterio Magno и тесните чаршиски
улички со ресторани, барови и продавници за сувенири. Враќање во хотел. Ноќевање.
По појадокот ни следи факултативна екскурзија за Палермо и преубавото градче Ќефало.
6 ДЕН 05.05.: Сицилија – Месина – Бари:
Појадок. Одјавување од хотел па возење кон Месина. Ни следи 2 часовна посета на Месина па
качување на траект од Месина до Вилла Сан Џовани. Потоа се упатуваме накај Бари. Качување на
траект 22:00 па ноќно возење од Драч до Македонија. Пристигнување во Скопје во попладневните
часови.
Одјавување од хотел посета на преубавата Месина.
7 ДЕН: 06.05.: Драч – Албанија – Македонија:
Пристигнување во Драч во утринските часови. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Напомена

Цената на аранжманот вклучува:
✅4 Ноќевања со појадок во Хотел со 3* на Сицилија
✅ Автобуски превоз според програмата
✅ Бродска карта на релација Драч – Бари – Драч
✅Траект на релација Сан Џовани – Месина – Сан Џовани
✅2 Ноќевање на брод на релација Драч – Бари – Драч
✅Туристички водич во текот на целата програма
✅Разглед на Месина

Цената на аранжманот не вклучува:
– Патничко и здравствено осигурување од 500 денари
– Бродска кабина на релација Драч – Бари – Драч 40 евра
– Туристичка такса 2 евра по ноќ
– Факултативни излети
– Индивидуално трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
КАТАНИјАИ СИРАКУЗА
КАТАНИЈАИ СИРАКУЗА Се упатуваме кон Катанија- еден од поубавите градови на брегот на Јонското море за кој мештаните сакаат да кажат дека лежи на лава која се излила од на многу броните ерупции од вулканот...По разгледот слободно време за прошетка и индивидуални активности и шопинг. По преубавата Катаниа,се упатуваме кон преубавиот град-Сиракуза кој е под заштита на UNESCO.Убавината и духот на ова место како и бројните легенди коja пратат историјата на овој град се инспирирани писатели и мислители како што се Цицерон, Анинциа...островот Ортициа,ja има најубавата катедрала кој е изградена на темелите на некогашниот грчки храм посветен на божицата Атина, фотнатана Arteuzina, остатоци од храмот на Аполо...
Цена: 70€
activity
Таормина и Вулканот Етна
ТАОРМИНА и Вулканот Етна -Таормина е подеднакво жива и денски и навечер, едноставно туристите кои чекорат по уникатните калрдми-улички . Ке можете да уживате во големиот број на кафичи и ресторани како и големиот избор на бутици. Малите плоштатчиња се енергични и полни со стритартисти, музичари, пантомимичари...Буквално се е во движенье и се е многу, многу убаво. Наглавниот плоштад се наоґа катедралата- DuomodiSiracusa,a штом го поминете овој плоштат ке видите неколку уникатни места каде што има преубава музика и многу гости кои седат на перници. Пред прошетката во Таормина следи посета на најголемиот(3.340m)и единствениот жив вулкан во Европа, со околу 400 изгасении неколку активни кратери. Пристигнуваме на висина од 1.900т , и слободно време за разгледи истражуванье на старите и изгасени кратери. Незаборавна авантура додека шетаме по земјена површина која е како од друга планета...
Цена: 60€
activity
Палермо и Ќефало
ПАЛЕРМОИ Целодневен излет:патуваньето до главниот град Palermo, и разглед на катедралата Mon- reale со преубавите мозаици од 12. век, точно кога првото сицилианско кралство доживува процветуванье на демократијата, економијата и христијанството. Панорамски разглед на Palermo:УлицатаVittorioEmanuele,новата капија,палатата Normana, катедралата, плоштадот Kuatro Kanti и Sramote, театарот Politeamaи Masimo.Слободно време за прошетка. Попладнето посета на градот Ќефалу. Ќефалу што на грчки значи “глава”. Интересно за ова градче е дека е сместено под карпа која на градот му служи како капа на главата т.е градот. Подоцна Римјаните го нарекле Coephaledium а арапите го нарекле Гафлуди или град со зидини на убава вода. Ќе поминеме низ историски и културни знаменитости од еленистички како и Византиски период меѓу кои мозаици, катедралата na Чефалу, палатата Osterio Magno и тесните чаршиски улички со ресторани, барови и продавници за сувенири.
Цена: 80€

Напомена:

Цената на аранжманот вклучува:
✅4 Ноќевања со појадок во Хотел со 3* на Сицилија
✅ Автобуски превоз според програмата
✅ Бродска карта на релација Драч – Бари – Драч
✅Траект на релација Сан Џовани – Месина – Сан Џовани
✅2 Ноќевање на брод на релација Драч – Бари – Драч
✅Туристички водич во текот на целата програма
✅Разглед на Месина

Цената на аранжманот не вклучува:
– Патничко и здравствено осигурување од 500 денари
– Бродска кабина на релација Драч – Бари – Драч 40 евра
– Туристичка такса 2 евра по ноќ
– Факултативни излети
– Индивидуално трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo