clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Санторини – Велигден

Период: 02/05/2024 - 07/05/2024
339€
299€
Одбери сместување
Санторини
Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето.
Што добивате?
periodПериод
3 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус и брод
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел ⭐⭐⭐
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 02.05. - Скопје
Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот С.Ц. Борис Трајковски. Тргнувањето ќе
биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради
одмор и регурлирање на граничните формуларности.
Ве молиме дојдете најмалку половина час пред тргнување
2. Ден 03.05. - Грција – Атина – Санторини:
Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поѓање за Санторини од
пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, и
следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во 19:00 часот е предвидена факултативна посета на Пиргос.
Враќање во Хотел. Ноќевање.
Крстарење со брод до Санторини
3. Ден 04.05. - Санторини:
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови.
Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 5 евра), потоа
со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со
магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира. Слободно време во Фира. Враќање во Хотел. Во 23:00 часот е предвидено да се иде во локалната црква и да се дочека Велигден. Ноќевање.
Подгответе се да ги направите најдобрите фотки
4. Ден 05.05.- Санторини:
Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме да се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето. По залезот се враќаме во Хотел.  Враќање во Хотел. Ноќевање.
Магијата на островот ќе ве остави без зборови
5. Ден 06.05. - Санторини – Атина – Скопје
Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. Можност за посета на
G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum . Следува трансфер до пристаниште.
Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во
23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формуларности.
Прегледување на најдобрите фотки по пат
6.Ден 07.05. - Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.
Враќање кон дома
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅ 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
✅ Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1.5 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција
– Факултативни излети

-Индивидуални трошоци

  • Туристичка такса
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Full Day Santorini
Целодневна екскурзија на островот. Почнувајќи веднаш по појадокот ќе ги посетиме следните знаменитости: Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон градчето OIA (Иа) каде ќе имате можност да го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Оваа гледка ќе ве остави без зборови.
Цена: 50€
activity
Крстарење со брод
Kрстарење со брод до вулканскуите острвои. Посета на новиот вулкан НЕА КАМЕНИ. Посетата следува со пешачење до врвот на висина од 130 метри, пешачењето трае околу 25 до 30 минути. По патот до врвот на вулканот ќе се посетат сите кратери на НЕА КАМЕНИ каде на самиот врв ќе го видиме активниот кратер. Тоа не значи дека ќе видиме оган и лава но ќе видиме присуство на големи количества на сулфур и дим. Излетот продолжува на стариот вулкан, ПАЛИЈА КАМЕНИ, каде ќе имате можност за посета на термалните вулкански води. На ова островче нема пристаниште, бродот застанува на 30м од термалните води и постои можност за капење. токму ова место го нарекуваат “здравјето на островот” каде сите туристи Се мачкаат со калта и се капат во термални води богати со железо кои се добри за кожата... По 40 мин слободно време екскурзијата продолжува на старото пристаниште во ФИРА. можност за искачување до фира со жичара или магариња кое е исто така едно посебно чуство и искуство на овој остров. ја посетуваме исто така црквата во Фира и по тоа имаме слободно време за прошетка.
Цена: 50€
activity
Посета на винарија
Најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција. G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.
Цена: 25€
activity
Пиргос
Посета на најсветото место на островот- ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен  традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. Оваа посета на Пиргос ќе ја паметите цел живот.
Цена: 15€

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅ 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
✅ Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1.5 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција
– Факултативни излети

-Индивидуални трошоци

  • Туристичка такса
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo