clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Санторини 18 Јуни

Период: 17/06/2021 - 22/06/2021
229€
179€
Датуми на патувања
Санторини
Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето.
Што добивате?
periodПериод
3 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус и брод
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел ⭐⭐⭐
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 17. Јуни- Скопје
Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот A1 арена. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.
Ве молиме дојдете најмалку половина час пред тргнување
2. Ден 18. Јуни- Грција – Атина – Санторини:
Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поаѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е
предвидена факултативна посета OIA, каде ќе го дочекаме еден од најубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.
Крстарење со брод до Санторини
3. Ден 19. Јуни- Санторини:
Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во Хотел. Ноќевање.
Подгответе се да ги направите најдобрите фотки
4. Ден 20. Јуни- Санторини:
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон
старото пристаниште и се упатуваме (со магаре или жичара, се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање.
Магијата на островот ќе ве остави без зборови
5. Ден 21. Јуни- Санторини – Атина – Скопје
Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето се упатуваме кон Фира. Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.
Прегледување на најдобрите фотки по пат
6.Ден 22. Јуни- Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.
Враќање кон дома
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅ 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
✅ Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција
PCR тест (доколку не сте вакцинирани)
Факултативни излети
Индивидуални трошоци на патникот.

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Full Day Santorini
Целодневна екскурзија на островот. Почнувајќи веднаш по појадокот ќе ги посетиме следните знаменитости: Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон градчето OIA (Иа) каде ќе имате можност да го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Оваа гледка ќе ве остави без зборови.
activity
Крстарење со брод
Kрстарење со брод до вулканскуите острвои. Посета на новиот вулкан НЕА КАМЕНИ. Посетата следува со пешачење до врвот на висина од 130 метри, пешачењето трае околу 25 до 30 минути. По патот до врвот на вулканот ќе се посетат сите кратери на НЕА КАМЕНИ каде на самиот врв ќе го видиме активниот кратер. Тоа не значи дека ќе видиме оган и лава но ќе видиме присуство на големи количества на сулфур и дим. Излетот продолжува на стариот вулкан, ПАЛИЈА КАМЕНИ, каде ќе имате можност за посета на термалните вулкански води. На ова островче нема пристаниште, бродот застанува на 30м од термалните води и постои можност за капење. токму ова место го нарекуваат “здравјето на островот” каде сите туристи Се мачкаат со калта и се капат во термални води богати со железо кои се добри за кожата... По 40 мин слободно време екскурзијата продолжува на старото пристаниште во ФИРА. можност за искачување до фира со жичара или магариња кое е исто така едно посебно чуство и искуство на овој остров. ја посетуваме исто така црквата во Фира и по тоа имаме слободно време за прошетка.
activity
Посета на винарија
Најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција. G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅ 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
✅ Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција
PCR тест (доколку не сте вакцинирани)
Факултативни излети
Индивидуални трошоци на патникот.

logo