clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Прага 2 Ноќевања

Период: 08/03/2023 - 12/03/2023
169€
149€
Датуми на патувања
Прага
Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото...
Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 08.03.2023 СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 10.30 часот. Тргнување за Прага во 11.00 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 09.03.2023 ПРАГА
Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Вацлавскиот плоштад... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Пристигнување во градот, сместување и запознавање со градот
3. Ден 10.03.2023 ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12 те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.
Факултативен излет до Карлови Вари
4. Ден 11.03.2023 ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PANDORF. Слободно време за шопинг. Панорамски разглед на градот: улицата Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со куси попатни паузи.
Одјавување од хотел, поаѓање Виена, посета на трговски центар,
5. Ден (Понеделник) - Македонија
Пристигнување во Скопје следниот ден претпладневните часови.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
Напомена

Во цената се вклучени следниве услуги:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅ 2 ноќевања со појадок во Прага во хотел со 3*

✅Посета и разглед на Виена

✅Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF

✅ Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Задолжителенразглед на Прага со локален водич 15
  • Факултативен излет Карлови Вари 35
  • Крстарење со брод по Влтава 20
  • Туристичка такса 250 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба  1.650 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед на Прага, Карлови Вари, Крстарење по Влтава)- 60 евра

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo