clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Милано

Период: 03/05/2024 - 06/05/2024
249€
199€
Одбери сместување
Милано
Милано е престолнина на Ломбардија и најголем индустриски град во Италија. Се смета за моден и бизнис центар, со преку 1,5 милиони жители. Познатата готска катедрала D’Uomo di Milani и светски познатата Миланска опера, се само дел од многу богатото културно и архитектонско наследство. Во светот сепак Милано е најпознат како центар на модата и дизајнот, па за љубителите на шопингот е омилена дестинација. Милано има голем број на ресторани и ноќни клубови, кои го потполнуваат престојот на секој турист.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден / Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:
Состанок на групата на договорено во претпладневните часови. Следува возење преку Србија,
Хрватска, Словенија и Италија со попатни паузи заради освежување и регулирање на
граничните и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2.Ден / Италија – Милано:
Пристигнување во Милано во претпладневните часови. По пристигнувањето следува
прошетка на градот: замокот Sforca, Миланската катедрала, Галеријата Виторија Емануела,
Миланската опера… После разгледот следува сместување во хотел. Ноќевање.
Пристигнување во Милано, прошетка на градот
3.Ден / Милан – Лугано – Комо – Швајцарија (факултативно):
Појадок. Слободно време за индивидуални активноси или можност за факултативен излет во
Лугано, во преубавата Швајцарија. По пристигнувањето во Лугано следува разглед на градот:
катедралата Св. Лоренцо, црквата Св. Марија ди Анѓело од XVI век, Градскиот парк,
Плоштадот реформа… Слободно време за уживање во чистиот воздух и сонцето во Лугано.
По посетата на Лугано се упатуваме кон Комо, . Комо е трето по големина езеро во Италија.
Природната убавина на глечерското езеро Комо, синилото на неговата вода во која се гледаат
врвовите на Алпите, оковани со вечен снег и луксузните вили со опкружени со преубави
градини, Враќање за Милано. Слободо време за индивидуални активности. Ноќевање.
Можност за факултативен излет во Лугано, во преубавата Швајцарија. По пристигнувањето во Лугано следува разглед на градот. Можност за факултативен излет на Езерото Комо
4.Ден / Милано – Словенија – Хрватска - Србија:
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време во Милано или можност за факултативен
разглед на градот со локален водич. Во попладневните часови враќање кон Македонија, ноќно
возење низ Словенија, Хрватска и Србија.
Одјавување од хотел. Слободно време во Милано, и разглед на градот со локален водич.
Напомена

ЦЕНАТА(ПО ЛИЦЕ) НА АРАНЖМАНОТ E ВКЛУЧEНО:

✅Сместување во Хотел 3* во Милано на база на 2 ноќевања со појадок во двокреветни и трокреветни соби

✅Автобуски превоз

✅Пратител на групата за време траење на аранжманот

✅Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО;

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса 2 евра по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Факултативни излети (Лугано Швајцарија; Езеро Комо)
  • Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Езеро Комо
Доколку сте вистински љубител на патувањата, треба бар еднаш да го посетите волшебното италијанско езеро Комо, најдлабокото и по мислењето на многу, најубавото езеро во Европа! Природната убавина на глечерското езеро Комо, синилото на неговата вода во која се гледаат врвовите на Алпите, оковани со вечен снег и луксузните вили окружени со преубави градини никој не оставаат рамнодушен. Заради неговата нестварна убавина,било тоа да е дело на природата или човечката рака, тука владее посебна атмосфера која од стариот Рим па до денес неодоливо ги привлекувала владетелите, аристократијата, уметниците и сите останати сонувачи и романтичари на овој свет. Во текот на историјата многу од нив баш тука ја наоѓале својата инспирација за своите најубави дела.
activity
Магичната Швајцарија и Лугано
Лугано е град сместен на крајниот југ на Швајцарија во Тичино. Се простира на површина од 32 квадратни километри а во самиот град живеат околу 5700 жители. Градот лежи на Луганското езеро на надморска височина од 273 метри. Лугано е културен и бизнис центар на јужна Швајцарија. Лугано е град со долга историја и традиција. Овој простор бил населен уште од праисторијата. Во времето на стариот Рим ова место немало некое посебно значење но во текот на средниот век многу брзо се развивало. Лугано својот статус на град го добил во 1209 год а во Швајцарската конфедерација влегува во 1513 година. Во време на Наполеоновите војни во него влегува француска војска а после тоа бил вратен на конфедерацијата. Во текот на 19 век почнува модерен развој на Лугано и тој тренд трае до денес. Лугано е значајна туристичка дестинација со бројни културно – историски и други знаменитости.

Напомена:

ЦЕНАТА(ПО ЛИЦЕ) НА АРАНЖМАНОТ E ВКЛУЧEНО:

✅Сместување во Хотел 3* во Милано на база на 2 ноќевања со појадок во двокреветни и трокреветни соби

✅Автобуски превоз

✅Пратител на групата за време траење на аранжманот

✅Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО;

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса 2 евра по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Факултативни излети (Лугано Швајцарија; Езеро Комо)
  • Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ
logo