clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Крф – Велигден

Период: 02/05/2024 - 06/05/2024
169€
129€
Одбери сместување
Крф - Грција
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање...
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
/
accomodationСместување
Соба/Апартман
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. ДЕН
Собир на групата на паркингот С.Ц. Борис Трајковски околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо на еден ден пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.
Попатни паузи и царински формалности
2. ДЕН
Траектот е во утринските часови. Возењето со траект би бил на релација Игуменица – Лефкими или Игуменица – Крф. Патниците добиват инфо на 2 дена пред поаѓање. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф. 16:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.
Пристигнување на островот, сместувањ и посета на градот Керкира
3. ДЕН
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
Посета на Градот Керкира и присуство на Велигденската прослава
4. ДЕН
Овој ден е предвиден за запознавање на местото ПАЛЕОКАСТРИЦА.

Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица- место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват. Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм од кој ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови по што може да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.

При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова.

Враќање во апартманите.
Moжност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве освои со атмосферата. Ноќевање.
Посета на Палеокастрица
5. ДЕН
Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч, по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата, изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт, по што останала напуштена до 1907год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија. Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик па затоа и во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил, а и самата палата го добива неговото име. Патниците кои нема да се пријават за посета на палатата, имат слободно време за прошетка низ градот Керкира.

Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.
.Напуштање на собите, факултативни излети, тргнување кон Македонија
Напомена

Што е вклучено во цената

✅3 ноќевања во Ипсос (20 км од градот Крф)

✅Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје

✅Повратен билет за траект

✅Две организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на  прославата за Христовото воскресение

✅Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)

✅Туристички придружник од агенција

✅Организирана вечерна забава во Ипсос

Што не е вклучено во цената

– Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис

– Посета на Ахилеон палатата  Транспорт и влезница

– Велигденски ручек-/ (Цена дополнително)

– Патничо осигурување

– Индивидуални трошошци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Напомена:

Што е вклучено во цената

✅3 ноќевања во Ипсос (20 км од градот Крф)

✅Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје

✅Повратен билет за траект

✅Две организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на  прославата за Христовото воскресение

✅Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)

✅Туристички придружник од агенција

✅Организирана вечерна забава во Ипсос

Што не е вклучено во цената

– Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис

– Посета на Ахилеон палатата  Транспорт и влезница

– Велигденски ручек-/ (Цена дополнително)

– Патничо осигурување

– Индивидуални трошошци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo