clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Кавос

Период: 07/07/2021 - 17/07/2021
209€
169€
Датуми на патувања
Островот Крф и местото Кавос
КРФ – Второ по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и едно од најубавите грчки острови. Крф се наоѓа во Јонското море, кое е дел од Средоземното море, а северно се спојува со Јандранското море. Покрај тоа што има инзвонредни услови за развој на летниот туризам, тука е и прочуениот стар град Крф, преку кој лесно може да се примети влијанието на Западот. На самиот Крф се наоаѓа меѓународен аеродром како и универзитет, на кој се студира историја, музика, јазици.
КАВОС – Скриената оаза на дивата и луда забава, која се наоѓа на југот од островот, само на неколку километри од пристаништето Лефкими. На островот се стигнува со траект од Игуменица, а патувањето трае околу 60 минути. Кавос е оддалечен од главниот град околу 40 километри. Кавос ја има една од најдолгите песочни плажи на островот. Преку илјада млади секоја година го избираат Кавос како своја дестинација, позната по добриот провод, бројните клубови, барови, ресторани и дискотеки. Преставува најатрактивно место кое е синоним за забава и ќе ги задоволи вашите потреби, како за одмор, така и за одличен и незаборавен провод.
Што добивате?
periodПериод
9 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
/
accomodationСместување
Апартман/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден: Скопје – Грција:
Скопје, појдовна точка на нашето патување. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Преминување граница. Контрола и царински формалности
2 – 9 /10.Ден: Игуменица – Кавос:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Игуменица. Влегување на траект и пловење до островот Крф (околу 60 мин.). По пристигнувањето на островот трансфер до хотелот или вилата. Зелениот остров, опкружен со кристално чисто море ќе биде наш домаќин наредните 10 дена. Неговите плажи се вбројуваат меѓу најубавите плажи во светот, од бескрајни и преубави песочни обали до скриени заливи. Старата венецијанска и англиска архитектура, тесните улички, големиот број на туристи, кафе барови, клубови, giftshoops, романтичните заоѓања на сонцето ќе ги задоволат сите ваши вкусови. Одморот ќе го пополните со посета на главниот град Крф, еден од најубавите градови во Грција, преку ден ќе лудувате на најголемата и најубавата плажа Глифада, а местото Кавос, каде што журките трајат деноноќно, ќе се погрижи за недостаток на сон и лудило до раните утрински часови.
Не заборавна летна авантура
11.Ден: Кавос – Игуменица – Скопје:
Ги пакуваме куферите и го напуштаме хотелот/апартманот. Слободно време до попладневните часови за кога е предвидено враќање за Игуменица, затоа искористете да се опростите со островот на свој начин. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Проверка на соба и тргнување за дома.
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кавос/Крф

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Кавос – Скопје

✅Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

Превоз со брод на релација Игуменица – Лефкими – Игуменица 20 евра

PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на градот Крф и островот Видо
Стара и нова тврдина, црквата Св. Спиридон, заштитникот на Крф, сплет на мали улички, преубави згради со пастелни бои, кафе на плоштадот Espianada... Крф е преубав антички град кои потекнува од осмиот век пред новата ера. На туристите им нуди единствено и незаборавно доживување. Дефинитивно место кое ќе задоволи сечии вкус. Тргнуваме од старото пристаниште со бродче до островот Видо - Српскиот Ерусалим, опкружен со плава гробница, во кои се потопени српски војници кои не успеале да стигнат живи, во тогашно време, островот на спасот. Потполно доживување на трагичното страдање на хероите започнува со посета на музејот “Срби на Крф 1916. до 1918.”, а завршува со посета на Видо.
activity
Посета на најубавите плажи на КРФ
По многумина кои го посетиле овој остров, а дефинитивно по ставот на мештаните, Maratias плажата е една од најубавите на Крф. Преубава песочна плажа со тиркизно плава и чиста вода ќе пробуди во Вас желба да останете што подолго на ова место, каде што ќе организираме дневна журка, избор за мис, игри без граници итн. во барот Wave и тоа 2 x во текот на престојот на Крф. Glifada е едно од најатрактивните летувалишта на Крф и симбобл на островот кога се во прашање плажите. Најголема и најубава плажа на островот на падините на брдото каде што вегетацијата и самиот амбиент барем на момент ве заробува во својата убавина терајќи ве да заборавите на реалноста.
activity
Aqua Park AGIOS IOANNIS
Aqua park (AGIOS IOANNIS) на Крф е еден од најголемите аква паркови во Европа, и представува огромен комплекс на базани, гигантски џакузија, долги и брзи тобогани кои имаат различни имиња во зависност од нивната карактеристика – Црна дупка, Четири твистера, Камикази, Хидрина туба и многу други. Не ја пропуштајте единствената прилика да го осетите струењето на адреналинот на некој од неверојатните тобогани и релаксирање со друштвото во некои од многуте џакузија. Аква паркот е сигурно најдобар начин да поминете еден топол летен ден на море со уште 1000 млади луѓе желни за добра забава.
activity
Журка на Брод
Журка на отворено море со препознатиливите звуци на Balkan fun DJ-ите и ледени коктели на еден од најубавите бродови кој е подготвен да исплови со патниците на Summer fun. Воедно, додека трае журката крстариме по Јонското море и застануваме да се разладиме во кристално чистото море. Искористете ја приликата да се избањате во една од најубавите плажи на островот Крф за време на паузата. Држете се, испловуваме...

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кавос/Крф

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Кавос – Скопје

✅Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

Превоз со брод на релација Игуменица – Лефкими – Игуменица 20 евра

PCR тест (доколку не сте вакцинирани)

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

logo