clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

ИСТАНБУЛ И ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

Период: 07/03/2023 - 12/03/2023
169€
149€
Датуми на патувања
Истанбул и Принцески Острови
Градот на Босфорот кој се простира на два континенти Eвропски и Aзиски, нуди нешто со што ќе бидете опседнати. Истамбул е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Долмабахче, Аја Софија, Фенербахче како и Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Таксим и Топккапи. Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри. А во Истанбул има над 2691 активни џамии како и 123 активни цркви.
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 ден 07.03.2023 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.
Попатни паузи и царински формалности
2 ден 08.03.2023 ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА - КРСТАРЕЊЕ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел... Факултативно, во попладневните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор... Европа - Азија). Слободно време да се ужива во ова прекрасно место за да се испие кафе и да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул - ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.
Панорамски разглед на градот
3 ден 09.03.2023 СУЛТАН АХМЕТ ПЛОШТАД-ТОПКАПИ ПАЛАТА-КАПАЛИ ЧАРШИЈА
Појадок. Пешачка тура во Срцето на Истанбул - Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул - Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија - изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители... Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните... Посета на Капали Чаршија- затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини... Во верните часови ве водиме во Вселенската патријаршија на Христовото Воскресение. Ноќевање.
Пешачка тура во Срцето на Истанбул- Султан Ахмет плоштад, Сината Џамија, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија...
4 ден 10.03.2023 ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada...) - архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица...Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови факултативно, предагаме посета на национален ресторан или ресторан на брод или ноќна забава во најпопуарниот Rooftop на Таксим. Ноќевање.
Факултативна посета на Долма Бахче Сарај, факултативна посета на Принцески Острови
5 ден 11.03.2023 ПЈЕР ЛОТИ-БАЛАТ-ФОРУМ
Појадок. Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Азизе... Прекрасен излет покрај брегот на Златниот рог, се посетува стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи - место каде што се снимаат бројни турски серии... Посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во утрински часови.
Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп, Балат, Вселенската Патријаршија, посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови
Напомена

Цената на аранжманот вклучува:

✅Превоз со туристички автобус на наведената релација

✅Смествање во хотел 3*** во Истанбул, на база 3 ноќевања со појадок

✅Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија, Капали чаршија…

✅Посета на Вселенска Патријаршија

✅Посета на Таксим

✅Посета на трговски центар Форум

✅Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителен панорамски разглед на Истанбул со локален водич 10 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 20 евра
  • Посета на “Sapphire Seyir Terasi” со 4Д проекција 35 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 20 евра
  • Посета на Топ Капи Палата ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Национален ресторан 40 евра
  • Принцески острови 30 евра
  • Пјер Лоти и Златен Рог (влезница, водич) 10 евра

-Yerebatan Sarnici (потонатата палата) 20 евра
Туристичка такса 3 евра за целиот престој по лице (се плаќа во агенција)

  • Доплата за 1/1 соба 3.700 денари
  • Патничко – здравствено осигурување

Доплата за избор на седиште во автобус по желба 10 евра

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo