clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул – Велигден

Период: 17/04/2025 - 20/04/2025
169€
129€
Одбери сместување
Истанбул 2 Ноќевања
Истанбул, градот на два континенти, нуди уникатно велигденско искуство исполнето со културни богатства и неверојатна гастрономија. Посетете ја Аја Софија, Големиот Базар и крстосувајте низ Босфор додека уживате во пролетната свежина. Велигден тука има посебен шарм, особено за православните христијани кои можат да присуствуваат на празнични служби во црквата Свети Ѓорѓи во Вселенската Патријаршија.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Hotel
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 17.04. Скопје - Истанбул
Состанок на групата во 14:30 часот на спортската сала Борис Трајковски, тргнување во 15:00 часот
за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 18.04. Истанбул
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во
хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата
check in ќе биде после 14 часот. Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на
тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите.
Следува пешачка тура до Капали Чаршија и Аја Софија, по прошетката следува слободно време а
враќањето е индивидуално. Во претходно договорено време (попладне) се упатуваме кон БАЛАТ,
односно ја посетуваме ЖЕЛЕЗНАТА ЦРКВА – црква која е изградена со донација од македонски
мајстори и место каде што се наоѓа гробот на Партеније Зографски. Вистинско ремек дело кое
остава без зборови. Потоа се упатуваме кон ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА – место кое е едно од
најзначајните симболи за христијанството. Потоа се упатуваме кон срцето на БАЛАТ – област која е
препознатлива по многубројните дрвени куќички кои фасадите им се бојадисани во различни бои
кои ни се добро познати од турските серии. Исто така оваа област е преполнета со многубројни
кафулиња. Оваа е исто така едно од најфотографираните места во Истанбул. Слободно време. По
слободното време се упатуваме кон ТАКСИМ – главниот плоштад во Истанбул, место каде што се
организираат сите собири, Истикал улицата каде што се движи добро познатиот црвен трамвај и
Галата кула која се надзира визоко над овој магичен град. Слободно време. Упатување кон хотел.
Ноќевање.
Пристигнувањето во Истанбул, сместување во хотел, посета на Капали Чаршија, Балат и Таксим.
3. Ден 19.04. Истанбул
Појадок. После појадокот започнуваме да го допознаваме овој магичен град. ве водиме на една
од најубавите факултативи. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ – Теснец кој го дели Истанбул на Европски
и Азиски, по брегот на Босфорот ке ги видиме најлуксузните вили од турските серии каде што
живеат најбогатите и највлијателните личности во Турција како и едни од најпознатите
знаменитости во Истанбул. Факултатива која остава без зборови, факултатива каде што го имаме
цел Истанбул на дланка во времетраење од околу 90 минути. Секако со нас се и локалните водичи
каде што ќе ни раскажуваат за палатите кои се наоѓаат на самиот Босфор.После крстарењето се
упатуваме кон ПАЛАТА БЕЈЛЕРБЕЈ – оваа е историска знаменитост која е најпосетуваните во овој
град.Се наоѓа на една од најубавите локации во Истанбул, на едно од најфотографираните места
во Истанбул односно веднаш под Босфорскиот мост, во азиската област. Оваа палата била летната
резиденција на султаните и ке имаме прилика од блиску да ја доживееме турската култура преку
многубројните соби и хали. Слободно време во Бејлербеј. По слободното време продолжуваме
кон ЧАМЛИЏА ЏАМИЈАТА – Џамија која се наоѓа во округот на Ускудар односно во Азискиот дел
на Турција. Џамија која е најголема во Турција, која има сместивост од 63.000 луѓе и во себе
вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500

возила. Отворена е во 2019 година од страна на претседателот на Турција-Ердоган. Дневно на
џамијата работеле по 25.000 луѓе. Место кое нуди прекрасен поглед на Истанбул. Слободно време
во џамијата. Враќање во хотел. Припрема за Турска вечера со многу забава. Враќање во хотел.
Ноќевање.
Крстарење, Бејлербеј и Чамлиџа Џамија, и туркса ориентална вечер.
4. Ден 20.04. Истанбул - Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Следува посета на продавницата за слатки работи ‘’Коска’’ каде
што ке имате можност за дома да си купите баклави, локуми и други благи работи. Слободно
време за пазарење. По слободното време се упатуваме на шопинг во некој од многубројните
аутлети во Истанбул. Слободно време за шопин околу 2 до 3 часа. По шопингот поаѓање кон
Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Предвидено пристигнување во Македонија е после полноќ на 21.04.2025.
Одјавување од хотелот, посета на најпознатата продавница за традиционални слатки КОСКА, и шопинг во аутлет, тргнување кон Скопје.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во аутлет

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување (260 денари)

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

Задолжителен излет е Посета на Балат и плоштадот Таксим 25 евра (се плаќа во автобус при самото пристигнување)

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
ТУРСКА ВЕЧЕРА СО ПРЕДЈАДЕЊЕ, ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ, ДЕСЕРТ И НЕОГРАНИЧЕНО ПИЕЊЕ
Цена: 65
activity
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, БЕЈЛЕРБЕЈ И ЧАМЛИЏА ЏАМИЈА
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ – Теснец кој го дели Истанбул на Европски и Азиски, по брегот на Босфорот ке ги видиме најлуксузните вили од турските серии каде што живеат најбогатите и највлијателните личности во Турција како и едни од најпознатите знаменитости во Истанбул. Факултатива која остава без зборови, факултатива каде што го имаме цел Истанбул на дланка во времетраење од околу 90 минути. Секако со нас се и локалните водичи каде што ќе ни раскажуваат за палатите кои се наоѓаат на самиот Босфор.После крстарењето се упатуваме кон ПАЛАТА БЕЈЛЕРБЕЈ – оваа е историска знаменитост која е најпосетуваните во овој град.Се наоѓа на една од најубавите локации во Истанбул, на едно од најфотографираните места во Истанбул односно веднаш под Босфорскиот мост, во азиската област. Оваа палата била летната резиденција на султаните и ке имаме прилика од блиску да ја доживееме турската култура преку многубројните соби и хали. ЧАМЛИЏА ЏАМИЈА која е најголема џамија во Турција, се наоѓа во округот Укудар на азискиот дел од Турција. Пуштена е во употреба во 2019 година од страна на претседателот на Турција-Ердоган. Чамлиџа Џамија е вистинско ремек дело кое вреди да се посети и нуди прекрасен поглед на Истанбул. На џамијата дневно работеле по 25.000 луѓе.
Цена: 65
activity
Посета на Балат и Таксим плоштадот
Оваа факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени Балат. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Таксим плоштад, турата завршува со посета на плоштадот Таксим, главниот центар на градот на кои се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај Таксим поминува познатата улица Истикал, на која се движи познатиот транвај, на оваа улица се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња а за љубителите на шопингот ова е право место.
Цена: 25

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во аутлет

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување (260 денари)

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

Задолжителен излет е Посета на Балат и плоштадот Таксим 25 евра (се плаќа во автобус при самото пристигнување)

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo