clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул 3 ноќевања

Период: 29/12/2021 - 03/01/2022
119€
Датуми на патувања
Истанбул 3 ноќевања
Градот на Босфорот кој се простира на два континенти Eвропски и Aзиски, нуди нешто со што ќе бидете опседнати. Истамбул е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Долмабахче, Аја Софија, Фенербахче како и Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Таксим и Топккапи. Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри. А во Истанбул има над 2691 активни џамии како и 123 активни цркви.
Што добивате?
periodПериод
3 ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
Прв ден: 29.12.2021
Состанок на групата на паркингот пред Хотел Вип, во 15 часот, тргнување 15:30.

Имаме ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

Нашите водичи се добро обучени за да ви го направат патувањето доста интересно.
Попатни паузи и царински формалности
Втор ден: 30.12.2021
Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Балкан Фан Македонија е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул. Поаѓање на екскурзија. Првото место за посета е oмилениот разнобоен кварт на сите инстаграмџии, БАЛАТ. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. По посетата продолжуваме кон населбата Ортаќој. Голем дел од жителите сметат дека ова место е најдобро место каде што можете да го доживеете Босфорот и направите најдобрите фотографии покрај Босфор, нормално во позадина го имате и босфорскиот мост. Сите филмови што се снимени во Истанбул, на сите има сцени од ова место. Денот завршува со посета на плоштадот ТАКСИМ.
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња. Слободно време за прошетка и враќање во хотел. Ноќевање.

Пристигнување во Истанбул, и запознавање на градот
Трет ден: 31.01.2021
Нашата понуда е релаксирана, со тоа што утрото ќе го искористиме за да го погледнеме стариот град на Истанбул. Како Капали Чаршија која се наоѓа на само 10 минути пеш од хотелите, Аја Софија која се наоѓа недалеку од Капали Чаршија, Топ Капи, Сината Џамија, Хиподромот и ред други знаменитости каде ќе може да ги направите најубавите инстаграм фотографии.

Пешачката тура е вклучена во цената, а истата се одвива од хотелот, преку Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија и други попатни застанувања каде ќе научите многу информации од нашите локални искусни водичи кои се дел од нашата организација, а кои ќе ви ја раскажат приказната и историјата на градот на најдобар начин.

Факултативни излети после пешачката тура:

Toп Капи
Главната резиденција на Отоманските султани за време на нивното 6 вековно владеење. Топкапи палатата годишно ја посетуваат повеќе од 2 милиони туристи, со што е втор најпосетуван музеј во светот. Просторот кој го опфаќа е два пати поголем од оној на Ватикан и половина од просторот кој го опфаќа Монако. Во неа може да се видат собите што ги користеле,каде престојувале,како и облеката која ја носеле.Во ТопКапи живееле 4000 луѓе.Топкапи Сарај бил главното седиште на администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година.

По завршувањето на турата, групата има слободно време да наполни батериите за лудата ноќ на Босфор. Хотелите се одлични за секој тип на туристи. Опремени се со посебно тоалет и купатило/тв/wi-fi и се што му е потребно на еден турист за едно незаборавно искуство во градот на два континенти.

Организиран транспорт до Босфор со нашите автобуси за сите журкаџии. За време на нашиот транспорт до бродот кој трае магични 20 минути, ние ви подговуваме едно кратко изненадување за секој автобус, а со ова го најавуваме големиот старт на нашата прва новогодишна журка! Дали претпоставувате што би можело да биде?
Пешачката тура преку Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, факултативни посети
Четврти ден: 01.01.2021
Саботата ни започнува со Late breakfast. Што значи ова? Ова значи дека нема повеќе будење рано наутро за доручек. Ние ќе се погрижиме да имате добро помината ноќ, но и доцен доручек во кој ќе може да уживате.

По појадокот, денот е резервиран за запознавање на луксузната и модерна страна на Истанбул. Тоа значи дека имате можност да се искачите на еден од највисоките облакодери во Истанбул, каде на најгорниот спрат има отворена стаклена тераса со 360 поглед, а во затворениот дел се наоѓа 7D кино проекција чија влезница е вклучена во цената. На отворената тераса на Safir кулата, ќе може да ги направите најдобрите фотографии, ќе може да ги погледнете сите три моста на Босфор. Во склоп на кулата Сафир се наоѓа трговски центар во кој може да го направите вашиот шопинг.

По посетата на Сафир, се упатуваме кон нашата нова сензација, новиот начин на уживање кој се практикува во сите светски метрополи, а тоа е дневното крстарење по Босфор со Ди-Џеј. Ова е наша модерна алатка која ја развивме пред две години, а која се покажа како одличен момент да уживате во прекрасниот поглед кон евроската и азиската страна на градот, со пијачка во раце и да шизите на познати светски, банскански и домашни хитови. Ова е момент кој не прави поразличен од другите, а во кој уживаат сите. Од локален водич кој во почетокот ќе ви раскаже се за Босфор и за објектите кои се наоѓаат долж неговиот кеј, ди-џеј кој ќе пушта музика, огромен избор на пијалоци, фотографирања и едно големо изненадување кое во моментот не сакаме да го откриеме. Повеќе инфо за програмата за дневната журка со ди-џеј на Брод наскоро. Но тоа не е се, следува тематска игра од позната актуелана серија каде можете да бидете потенцијален добитник на специфичен подарок.

По дневната журка на Босфор, се упатуваме кон хотелите каде имаме слободно време за пауза и подготовка за ноќната уникатна журка на која веќе ќе имаме подготвено караоке листа со најхрабрите пријавени патници, а за кои ќе гласа публиката и ќе го одреди победникот. Од латино музика со латино танцувања, до турска музика со (ИЗНЕНАДУВАЊЕ), до наши балкански хитови. Музика, храна и извлекување на 10 добитници на гратис патувања во 2022-ра година, кои награди ги доделува нашата агенција. Тоа е она кое го прави ова After Party поразлично од останатите. Повеќе инфо за програмата за After-party наскоро.
Посета на највисокиот облакодер во Истанбул, забава на брод кој плови по Босфорот
Пети ден: 02.01.2021
Двата дена кои ќе ни изминат во Истанбул ќе ги паметите по многу убави нешта. Многумина од вас ќе добијат вредни подароци од нашата агенција, а ќе има и доста тавки кои ќе си заминат со ваучер за бесплатно патување/летување со нашата агенција во 2022-ра година.

Но ако е недела, не значи дека е крај на нашата програма во Истанбул. По појадокот во хотелот, групата се одјавува и се упатува во посета на продавницата КОСКА каде може да купите локум, баклава и традиционални благи работи за дома. По посетата на ова продавница, се упатуваме кон Outlet 212 во Истанбул, каде оние кои немале време за шопинг ќе може да купат се што им треба.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг?

Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад кон Македонија. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.
Последен ден во Истанбул, време за шопинг. Тргнување кон Македонија
Шести ден: 03.01.2021
Ноќно возење кон Македонија.
Попатни паузи и царински формалности
Напомена

Во цената е вклучено

Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз
Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)
И дефинитивно најдобрата организација со најдобите водичи

Во цената не е вклучено

Организирани три новогодишни журки
Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци
ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

Напомена:

Во цената е вклучено

Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз
Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)
И дефинитивно најдобрата организација со најдобите водичи

Во цената не е вклучено

Организирани три новогодишни журки
Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци
ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

logo