clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Ипсос-Крф

Период:
Датуми на патувања
Крф - Ипсос
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф. Ве очекуваме.
Што добивате?
periodПериод
7 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
/
accomodationСместување
Апартман/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. ден
Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Програмата и времето на излетите може да биде променето
2. ден
Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.

Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.
Програмата и времето на излетите може да биде променето
3. ден
Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.
Програмата и времето на излетите може да биде променето
4. ден
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање
Програмата и времето на излетите може да биде променето
5. ден
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
Програмата и времето на излетите може да биде променето
6. ден
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.
Програмата и времето на излетите може да биде променето
7. ден
Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос и релаксирање под топлото сонце.

По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.
Програмата и времето на излетите може да биде променето
Напомена

Цената на аранжманот вклучува:

✅ 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос

✅ Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје

✅ Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

Цената на аранжманот не вклучува:

PCR Тест

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна доплата за траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица (15 до 30 евра во два правци, чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите)

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Aqua Park AGIOS IOANNIS
Aqua park (AGIOS IOANNIS) на Крф е еден од најголемите аква паркови во Европа, и представува огромен комплекс на базани, гигантски џакузија, долги и брзи тобогани кои имаат различни имиња во зависност од нивната карактеристика – Црна дупка, Четири твистера, Камикази, Хидрина туба и многу други. Не ја пропуштајте единствената прилика да го осетите струењето на адреналинот на некој од неверојатните тобогани и релаксирање со друштвото во некои од многуте џакузија. Аква паркот е сигурно најдобар начин да поминете еден топол летен ден на море со уште 1000 млади луѓе желни за добра забава.

Напомена:

Цената на аранжманот вклучува:

✅ 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос

✅ Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје

✅ Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

Цената на аранжманот не вклучува:

PCR Тест

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Задолжителна доплата за траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица (15 до 30 евра во два правци, чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите)

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

logo