clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Будва

Период: 17/06/2021 - 20/07/2021
89€
59€
Датуми на патувања
Будва
Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Што добивате?
periodПериод
2 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
/
accomodationСместување
Апартман/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден / Скопје – Црна гора:
Состанок на група на паркингот кај А1 арена во 22:00ч. Тргнување во 22:30. Транзитот се одвива преку, Косово и Албанија. Со оглед на тоа дека во овие држави има полициски час, паузите ќе бидат скратени се со цел да се прилагодиме на условите кои важат за транзит низ земјите.
Преминување граница. Контрола и царински формалности
2.Ден / Црна Гора – Будва:
Пристигнување во раните утрински часови во Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир.
По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со водич, се посетува стариот град во Будва. Доколку има интерес од страна на групата, можна е дружба во некои од кафулињата или на плажа. Ноќевање
Не заборавна екскурзија во Острошкиот Манастир.
3.Ден / Будва – Црна Гора
Во 09:15ч состанок на група пред вила, 09:30ч поаѓање кон Котор и Тиват.
Првото место за посета е Котор. Забавата започнува кога одиме на крстарење. Она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно, нешто ново кое е понудено на македонскиот пазар.
Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Ноќевање.
Ден исполнет со одлични фотки и уживање
4.Ден / Будва – Црна Гора- Скопје
Слободно време до 14:00ч. Во 14:30 собир на група и заминување кон Бар со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према градот Бар.
Во Бар она што треба да се посети е храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар до 18:00ч и заминување кон Македонија. Пристигнувањето во Македонија е предвидено после 05:00ч поради полицискиот час.
Тргнуваме кон дома
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 2 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во вила во Будва

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Будва – Скопје

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Посета на Острошки Манастир

✅ Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Турустичка такса на Острог 1 еврo – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Превоз со комбиња до и од манастирот 2 евра – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Влезници за културно историските локалитети,

Факултативно крстарење со глисер по Бока Которска,

Факулативен излет до Тиват и Котор,

Туристичка такса 1 евро за едно ноќевање од лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари

Индивидуални трошоци.

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 2 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во вила во Будва

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Будва – Скопје

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Посета на Острошки Манастир

✅ Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Турустичка такса на Острог 1 еврo – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Превоз со комбиња до и од манастирот 2 евра – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Влезници за културно историските локалитети,

Факултативно крстарење со глисер по Бока Которска,

Факулативен излет до Тиват и Котор,

Туристичка такса 1 евро за едно ноќевање од лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари

Индивидуални трошоци.

logo