clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Будимпешта

Период: 03/05/2024 - 06/05/2024
209€
169€
Одбери сместување
Будимпешта
Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.
Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.
Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1, Ден 03.05. СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот С.Ц. Борис Трајковски во 16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот.Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 04.05.БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
Пристигнување во Будимпешта, разглед на градот, сместување
3. Ден 05.05. БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, индивидуална прошетка низ Будимпешта. Ноќевање.
Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа
4, Ден 06.05. БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци. Посета на шопинг центар Арена. Поаѓање за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Враќање кон Македонија, ноќно возење
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Разглед на Будимпешта со локален водич,

Крстарење со брод по Дунав

Посета на Сент Андреа

Влезници за музеите и културно – историските споменици

Патничко – здравствено осигурување

Туристичка такса (се плаќа во агенција)

Доплата за 1/1 соба 3.800 ден

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Сент Андреа
Сент Андреа мал град на брегот на Дунав, кој се наоѓа на околу 40 минути од Будимпешта. Најпознат по медитеранските вибрации и српската историја, Сан Андреа нуди и барокна архитектура, продавници за унгарски фолклор и многу уметност, стара и модерна. Кога ќе се приближиме до главниот плоштад ќе почнете да забележувате нешто необично: плочи испишани со кирилични букви, српски православни цркви, имиња на улици и цркви со словенски звук како Пожаревацска и Кучера и лавиринтски улички како во медитерански град. Зошто? Бегајќи од Отоманската Турција кон крајот на 17 век, толпи српски и исто така далматински и грчки имигранти се населиле во овој заспан средновековен град откако кралот на Унгарија, Хабсбург Леополд I, им доделил граѓански и верски слободи. Сент Андреа како град почнал да цвета благодарение на овие новодојденци.
activity
Разглед на Будимпешта
Будимпешта не е само град туку поим за спој на историјата и сегашноста и со својата архитектура докажува дека историјата ни е на дофат кога ќе посакаме. Можеби не можеме да се вратиме назад во времето но архитектурата на овој град ќе ни помогне да успешно направиме ретроспектива на настаните од едно релативно далечно време. Разгледот на градот ќе го започнеме од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Ќе продолжиме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј ќе се упатиме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја.Разгледот градот ќе го завршиме со посета на импозантната црква лоцирана на Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав.

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Разглед на Будимпешта со локален водич,

Крстарење со брод по Дунав

Посета на Сент Андреа

Влезници за музеите и културно – историските споменици

Патничко – здравствено осигурување

Туристичка такса (се плаќа во агенција)

Доплата за 1/1 соба 3.800 ден

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo