clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Белград

Период: 04/05/2024 - 06/05/2024
129€
89€
Одбери сместување
Белград
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 Ден. 04.05. / Скопје – Србија – Белград:
Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел С.Ц. Борис Трајковски. Тргнување за Белград во 03:00. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови, сместување во хотел.. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
Попатни паузи и царински формалности, пристигнување во Белград и запознавање со градот.
2 Ден. 05.05. / Белград - Нови Сад:
Појадок. Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина…Слободно време. Во попладневните часови враќање во Белград. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на популарните Белградски сплавови. Ноќевање
Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич
3 Ден 06.05. / Белград – Македонија – Скопје
Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Појадок. Напуштање на Хотел. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Напомена

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

✅ Две ноќевања  хотел (со појадок) во двокреветни или трокреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

– Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

– Факултативи ( разглед на Белград со водич, посета на Нови Сад, забава во некоја од белградските боемски  кафани)

– Индивидуални трошоци.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo