clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Белград

Период: 21/10/2023 - 23/10/2023
139€
109€
Датуми на патувања
Белград
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
/
accomodationСместување
Хостел/Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 Ден. Скопје – Србија – Белград:
Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:00.
Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во
претпладневните часови, сместување во хостел... По сместувањето следува разглед на Белград
со придружба на локален водич. Ќе имаме можност да ги посетиме: Булевар Револуција, Собранието,
плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан
(Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)... Во вечерните часови е предвидено
факултативна посета на некоја од Белградските клубови/сплавови каде ќе го запознаеме надалеку
познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
Попатни паузи и царински формалности, пристигнување во Белград и запознавање со градот.
2 Ден. Белград - Нови Сад:
Факултативен излет крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во
вечерните часови е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските клубови/сплавови
каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
Факултативен излет крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол.
3 Ден Белград – Македонија – Скопје
Напуштање на Хостелот. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се
наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во
попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни
часови.
Појадок. Напуштање на Хостелот. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅ Две ноќевања  хостел во двокреветни или трокреветни четирикреветни, петкреветни и шесткреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

– Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

– Факултативи ( разглед на Белград со водич, крстарење по Сава и Дунав, забава во некоја од белградските боемски  кафани)

– Индивидуални трошоци.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот или лична карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на Белград
Разглед на Белград со придружба на професионален локален водич. Ќе имаме можност да ги посетиме најпознатите знаменитости на Белград. Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), храм Св.Сава, Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска Тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Овој излет е предвиден да се реализира дел со автобус и дел пешачка тура. Разгледот трае 2 часа.
activity
Крстарење по Дунав и Сава
Уникатно доживување кое не треба да го пропуштите. Тргнуваме од хотел Југославија, кој се наоѓа во новиот дел на Белград. Се упатуваме кон мостот на Ада, до каде што правиме обиколка, го гледаме новиот дел “Београд на води”. се до “ Велико ратно острово”. Запознавање на Белград од малку поинаква перспектива. Пловиме со брод во кој долниот спрат е затворен дел со столчиња и маси за уживање, а горниот дел е отворен каде ќе можете да направите најдобри фотографии од градот Белград. За љубителите на пијалоци и кафе, бродот располага со мини бар. Крстарењето е предвидено да трае час и половина.
activity
Посета на Нови Сад
Се упатуваме кон малото симпатично градче Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн... Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност за бесплатна дегустација на вино. Во договорено време се упатуваме кон Нови Сад поточно Петроварадинската тврдина која се наoѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Продолжуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание...слободно време за кафе и ручек. Во договорено време поаѓање за Белград

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅ Две ноќевања  хостел во двокреветни или трокреветни четирикреветни, петкреветни и шесткреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

– Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

– Факултативи ( разглед на Белград со водич, крстарење по Сава и Дунав, забава во некоја од белградските боемски  кафани)

– Индивидуални трошоци.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот или лична карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo