clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Белград

Период: 31/12/2021 - 02/01/2022
80€
Датуми на патувања
Белград- Србија
Најголемиот и главниот град на Србија - Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Соба
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден 31.12.2021. / Скопје - Белград:
Состанок на групата во 03:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хостел или хотел. Можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Враќање во хотел или хостел. Подготовки за најлудата ноќ. Факултативен дочек на Новата година во Белградските клубови.Ноќевање.
Попатни паузи, царински формалности и пристигнување во Белград, разглед на белград и сместување во Хотел/Хостел
2.Ден 01.01.2022. / Србија - Белград:
Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови факултативно посета во некоја од белградските клуб-кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот и на белградската забавата. Ноќевање.
Посета на некоја од познатите белградски кафани, за да се долови белградскиот боемски дух
3.Ден 02.01.2020. / Белград - Србија - Скопје:
Напуштање на хотелот или хостелот. Враќање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечернните часови.
Напуштање на Хотел/Хостел и враќање кон Македонија
Напомена

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

✅ Две ноќевања во хостел (без појадок) или две ноќевања во хотел (со појадок) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

Факултативи ( разглед на Белград со водич, дочек нa Нова Година во дискотека, забава во клуб- кафана)

Индивидуални трошоци.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

За влез во Србија нема никакви ограничувања, но за назад влез во Македонија е потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележаност не постар од 45 дена или ПЦР или антигенски тест. 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Дочек на Нова година во Белград
Дочекот на Новата година е она за што сме сите тргнати на ова патување. Да го посетиш овој град, а да не поминеш барем една вечер во некоја од дискотеките или сплавовите, не смее да се случи. Оваа година ви го нудиме најдобриот дочек на Новата 2020 година. За Вас оваа година го направивме најдобриот избор за најлудата ноќ во еден од најдобрите сплавови во Белград. Во оваа факултатива е вклучено неограничено пиење за новогодишната ноќ (одредени пијалоци).
activity
Разглед на Белград
Во придружба со локален водич, ќе направиме разглед на Белград и на афтентичен начин ќе пробаме да Ви го доловиме духот на овој магичен град, особено во предновогодишнат еуфорија. За време на разгледот ќе ги посетиме следниве значајни локалитети на овој магичен град. Народното Собрание, стариот и новиот дворец на семејствотот Караџорџеви, плоштадот Никола Пасич, плоштадчето пред најпознатиот хотел во Белград “Хотелот Москва“, Народниот Театар и Народниот музеј, ќе прошетаме по најпозната шетачка улица во Белград „Кнез Михајлова каде што ќе сретнеме многу различни улични уметници кои се трудат секогаш да ги развеселат случајните минувачи, од таму продолжуваме кон тврдината Калимегдан каде што можете да направите преубави фотографии или пак да уживате во преубавиот поглед на Белград. Потоа се упатуваме кон Сава Нова, едно ново лице на градот, каде што ќе разгледаме дел од „ Street Art“ културата на Белград. Секое уметничко дело нацртано на некој уличен зид има своја приказна, а приказните оставаме таму да ги дознаете.
activity
Втора вечер забава Белград
Како што многумина сакаат да го наречат, градот што никогаш не спие, а и од неодамна од страна на “Lonely Planet” Белград го завзема своето место меѓу 10 те најдобри градови за ноќен живот и забава. Во Белград се многу познати овие Warm Up забави односно ден пред и по најлудата ноќ. Место каде што ќе можеме да го осетиме белградскиот ноќен живот во диско/кафана кое се наоѓа во срцето на градот. Вистинскиот избор за да го доживеете овој магичен град на вистински начин е токму овој избор на забава.

Напомена:

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

✅ Две ноќевања во хостел (без појадок) или две ноќевања во хотел (со појадок) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

Факултативи ( разглед на Белград со водич, дочек нa Нова Година во дискотека, забава во клуб- кафана)

Индивидуални трошоци.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

За влез во Србија нема никакви ограничувања, но за назад влез во Македонија е потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележаност не постар од 45 дена или ПЦР или антигенски тест. 

logo