clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Белград

Период: 18/06/2021 - 20/06/2021
109€
75€
Датуми на патувања
Белград
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Што добивате?
periodПериод
2 ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел ⭐⭐⭐
Изберете датум за Патување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1.Ден 18 Јуни- Скопје – Белград:
Состанок на групата во 02:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:00. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови, сместување во хотел..
Поаѓање
1.Ден 18 Јуни
По сместувањето следува разглед на Белград со придружба на локален водич. Ќе имаме можност да ги посетиме: Булевар Револуција, Собранието, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)...По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови (доколку епидемиолошката состојба во тој момент дозволи реализација) е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
Прошетка
2.Ден 19 Јуни 2021. Белград-Нови Сад:
Појадок. Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина…Слободно време. Во попладневните часови враќање во Белград. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на традиционалните Белградски кафани. Ноќевање
Нови сад ќе ве магепса
3.Ден 20 Јуни 2021. / Белград – Скопје
Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Враќање
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅Две ноќевања со појадок во Хотел 3*/4* во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.

✅Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата

✅Разглед на Белград

✅Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅Организација на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари

Туристичка такса од 1.5 евро по ден

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на Белград
Разглед на Белград со придружба на професионален локален водич. Ќе имаме можност да ги посетиме најпознатите знаменитости на Белград. Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), храм Св.Сава, Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска Тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Овој излет е предвиден да се реализира дел со автобус и дел пешачка тура. Разгледот трае 2 часа.
activity
Крстарење по Дунав и Сава
Уникатно доживување кое не треба да го пропуштите. Тргнуваме од хотел Југославија, кој се наоѓа во новиот дел на Белград. Се упатуваме кон мостот на Ада, до каде што правиме обиколка, го гледаме новиот дел “Београд на води”. се до “ Велико ратно острово”. Запознавање на Белград од малку поинаква перспектива. Пловиме со брод во кој долниот спрат е затворен дел со столчиња и маси за уживање, а горниот дел е отворен каде ќе можете да направите најдобри фотографии од градот Белград. За љубителите на пијалоци и кафе, бродот располага со мини бар. Крстарењето е предвидено да трае час и половина.
activity
Посета на Нови Сад
Се упатуваме кон малото симпатично градче Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн... Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност за бесплатна дегустација на вино. Во договорено време се упатуваме кон Нови Сад поточно Петроварадинската тврдина која се наoѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Продолжуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание...слободно време за кафе и ручек. Во договорено време поаѓање за Белград
activity
Hangover in Belgrade
Со оглед на тоа што Белград е познат како град со најдобар ноќен живот на Балканот, за вас подготвивме 2 забави, со оглед на тоа што веќе е дозволена организација на забави и прослави, и во внатрешниот и во надворешниот дел на локалите. Ве носиме во традиционалните белградски кафани, кои имаат посебен дух и традиција на градот, каде ќе уживаме во вкусната скара и секако добриот провод со музика во живо. Втората вечер ве носиме во популарните белградски сплавови (клубови), кои се карактеристичен белег на градот.

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅Две ноќевања со појадок во Хотел 3*/4* во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.

✅Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата

✅Разглед на Белград

✅Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅Организација на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 200 денари

Туристичка такса од 1.5 евро по ден

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

logo