clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Атина

Период: 02/05/2024 - 07/05/2024
199€
169€
Одбери сместување
Атина
Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 02.05. Скопје – Атина
Состанок на групата на паркингот С.Ц. Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 03.05. – Атина
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
Пристигнување во Атина, разглед на градот, сместување
3. Ден 04.05. - Атина – Пелопонез
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.
Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
Се посетува и Епидавр или Епидариус - родното место на Асклепии, бог - лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.
Се продложува кон Нафплио - првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена - град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон
Вечерта факултативна вечера во таверна. Ноќевање.
Факултативен излет до Пелопонез, со локален водич
4. Ден 05.05. Атина –Сунион-Скопје
После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Враќање кон Атина.Ноќевање

Посета на Пиреја
5. Ден 06.05. Атина - Скопје
После појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија.
Попатни паузи и царински формалности
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅Автобуски превоз на наведената релација

✅Сместување во хотел  3* во Атина, на база 3 ноќевања со појадок

✅Панорамски разглед на Атина со водич

✅Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително патничко осигурување

– Факултативна посета на Пелопонез -не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус  и Микена

– Посета на Пирејa и Сунион со вклучена влезница

– Влезница за во Акропол со водич и слушалки

– Туристичка такса -се плаќа во агенција

– Индивидуални трошоци

Напомена:

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✅Автобуски превоз на наведената релација

✅Сместување во хотел  3* во Атина, на база 3 ноќевања со појадок

✅Панорамски разглед на Атина со водич

✅Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително патничко осигурување

– Факултативна посета на Пелопонез -не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус  и Микена

– Посета на Пирејa и Сунион со вклучена влезница

– Влезница за во Акропол со водич и слушалки

– Туристичка такса -се плаќа во агенција

– Индивидуални трошоци

Напомена:

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo