Истанбул – најголемиот град во Турција, се наоѓа долж течението на Босфорскиот теснец кој ја поврзува обалата на Мраморното со Црното Море. Овој огромен град, единствен на светот изграден на два континента (Европа и Азија), има површина од речиси 6.000 км2 и брои над 15 милиони жители според официјални мерења, односно 20 милиони неофицијално.