Истанбул, најголемиот град во Турција. Тој се наоѓа на два континенти европски и азиски. Турција е земја во југозападна Азија, а главен град на Турција е Анкара. Таа е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Турција е земја што може да задоволи различни туристички потреби. Изобилува со тивки заливи, плажи, села и метрополи. Најпосетувани знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Аја Софија, Фенербахче како и туристичките места Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Кемер и Белек. Турција е позната по фолклорот и стомачниот танц. Турскиот брег на Црното Море се протега на 1.650 километри. Истанбул има 2691 активни џамии како и 123 активни цркви. Градот има совршена местоположба на природно настанатото пристаниште, кое се наоѓа на Златниот ’Рт. Тука се наоѓала палатата на султанот.
Населбите Усќудар (древен Крисополис) и Кадиќој (древен Халкедон ), кои се наоѓаат на азиската страна , во почетокот егзистирале како оделни градови и истите во текот на историјата биле заземени од страна на византиските цареви или османлиските султани. Денес, на азиската страна од градот има изградено голем број на современи станбени области и бизнис области, и овој дел е дом на околу една третина од населението во Истанбул. Истанбул е град со огромна историја. Аја Софија, Сината џамија, Таксим, Топкапи, Долмабахче, но и многу повеќе од тоа. Топкапи палатата се состои од павилјони и од некој вид депанданси, преплетени со тревни површини, градини и, се разбира, со извор на вода, мало езерце или преубава фонтана. Топкапи која е заштитена од УНЕСКО зрачи со моќта на управителите на некогашната најмоќна империја. Во маалото Галата се наоѓа и неповторливата Аја Софија, денес претворена во музеј,а спроти неа е сината џамија. Сината џамија или џамијата на султанот Ахмед е позната под популарното име поради сините плочки што ги украсуваат ѕидовите на ентериерот. Дизајнот на џамијата е кулминација на два века архитектонски развој и на отоманските џамии, но и на византиските цркви. Еден од најубавите споменици секако е сарајот Долмабахче. Во слободен превод тоа би значело Палата кај долната градина, За разлика од колекцијата плочки и резби во палатата Топкапи, оваа палата може да се пофали со колекцијата од златни и кристални предмети.
Во Истанбул има се за сечии вкус. Можност да се договарате за цената? Каде на друго место ако не во Истанбул.
Посетата на Капали чаршија е нешто што не смее да се пропушти, со околу 58 покриени улички и 4.000 продавници. Од 250.000 до 500.000 посетители дневно влегуваат во оваа гламурозна чаршија, позната по огромниот избор на накит, глинени ракотворби, зачини и килими. Секако, кожата и златниот накит се заштитен знак на секоја турска чаршија. Крстосување по Босфор? Тоа е исклучително доживување. Во текот на пловидбата може да ги видите сите прекрасни споменици на двата брега на градот, но и голем број ексклузивни ресторани и клубови, како и повеќете од
убавите куќи од турските серии.
Ноќен живот? Во градот постојат голем број на ноќни клубови, барови, ресторани итн. Ноќните клубови, ресторани и барови најпосетувани се во летните периоди. Областите околу Булевар Истиклал и Нишантаси ги нудат сите видови на кафулиња, ресторани, барови и клубови, како и уметнички галерии, театри и кина.
https://balkanfun.mk/patuvanja/istambul3nokjevanja/
https://balkanfun.mk/patuvanja/istanbul2nokjevanja/