clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

10 причини за да го посетиш островот Санторини

blog-photo

Санторини е познат како еден од најинтересните грчки острови по својата визуелност – со своите вулкани и бели куќички поставени наспроти живописното сино небо, не е тешко да се разбере зошто. Без разлика дали сте заинтересирани за фотографирање или едноставно  само ве воодушевуваат прекрасните погледи, Санторини ќе ве натера да воздивнете на секој агол. Во продолжение ви посочуваме 10 причини зошто треба да го посетите овој прекрасен остров.

1.Најубавото зајдисонце во свет

Звучи како фалење, но се тврди дека Санторини има еден од најдобрите погледи на зајдисонцето во целиот свет – се чини како сонцето да паѓа во морето во магла од злато. Oia е познато како најдобро место да се види зајдисонцето и луѓето се собираат таму порано секоја вечер само за да го доживеат. Ако сакате да ги избегнете гужвите, погледите од Firostefani, веднаш покрај патот, се скоро исто толку спектакуларни, и тука можете да го имате погледот без да мора да се борите за простор.

2.  Романтикa

Зајдисонца, добро вино, преубави куќи … сите овие работи гарантираат дека Санторини е место за заљубените. Тоа е исто така место за свадби, па ако нешто ве натера да  стапите во брак, бидете сигурни дека ќе имате  фотографии направени со зачудувачка позадина.

3. Фасцинантни пејсажи

Голем дел од Санторини е изграден на работ на стар, изумрен вулкан (тие го нарекуваат калдера) и затоа ќе видите градови кои изгледаат како да паѓаат по ридот. Ефектот е извонреден и крајно фотогеничен, додека пак улиците и тротоарите се доста стрмни. На пример, во главниот град Фира има само три пата надолу до пристаништето и повторно враќање назад: со жичара, одење нагоре надолу стотици скали или со магаре. Дури и ако одлучите да не ја направите оваа мала екскурзија, скалите се насекаде: често нерамни и сите на различни висинa и должинa. Ова не е место каде може да носите потпетици. Удобни чевли се задолжителни, а секој што има проблем со подвижноста треба да биде свесен дека ова можеби не е идеална локација за него. Постои и активен вулкан, кој можете да го посетите со брод на еднодневно патување.

4. Духовноста

Грчката православна религија е владејачката деноминација тука, заедно со мал процент на католицизмот. Без разлика дали сте религиозни или не, ќе мора да се согласите дека тоа става голем печат на самото место. На Санторини, особено во селата, ќе откриете дека скоро секоја куќа има своја приватна капела. Навистина, сите селани се собираат да помогнат секој жител да изгради своја капела, и сите се со онаа прекрасна комбинација на бело, со небесно сини покриви: сини за да стигнат до небото, каде што живее Бог.

5. Храна и вино

Санторинскиот домат е еден од најпознатите производи и единствен на островот, расте во вулканска почва без дополнителна вода. Тој е неверојатно вкусен и морате да го пробате. Фавата, капарот и белиот модар патлиџан се автохтони за Санторини, а друг познат производ е сирењето Хлоро, кое е богато кремасто козјо сирење со ограничено производство. Свежата морска храна на островот е нешто што морате да го пробате во комбинација со вкусна грчка или санторинска салата Виното на Санторини е често пати наградувано па затоа од исклучителна важност е да ги посетите лозјата и да го дегустирате локалното санторинско вино.

6. Фотографија

Скоро секој агол носи нешто ново за секој фотограф што сака да направи добри слики: од темперно бели згради и куќички до небесното сино море во окружувањето.

7. Архитектура

Едно нешто што го прави Санторини навистина да се истакнува по профилите за патување на инстаграм е таа прекрасна кикладска архитектура што е толку препознатлива. Бели sидови, коцкасти куќички, цркви со сини кровови и улици со калдрма го прават островот скоро како од бајка! Очигледно комбинацијата на бела и сина боја си има своја симболика. Белата боја ја претставува пената на брановите на Егејското Море додека пак сината боја го претставува грчкото небо. Исто така  белата боја ја намалува апсорпцијата на сонцето па затоа sидовите се ладни на допир.

8. Вулкански плажи

Вулканскиот остров е дом на најуникатните плажи на светот. Туристичкото место е прекриено со вулкански карпи и песок што му даваат карактеристичен изглед. Затоа, немојте да бидете изненадени ако стапнете на плажа која е со јаглен, бели, и црвени-жешки камчиња. Црвената плажа e најпознатата плажа на островот и без сомнение вреди да се посети со оглед на тоа што е ретка глетка, веројатно единствена во целиот свет, каде црвената боја е доминантна боја. Заобиколена е со стрмни црвени ридови кои создаваат волшебна, дива глетка.

 

9. Луксузни хотели

Не дозволувајте првата појава за островот да ве измами. Островот е повеќе од само зајдисонца и карпи. Исто така, има просперитетна хотелска индустрија што ги задоволува вашите потреби. Од балкони кои буквално висат над морето, infinity базени, пристојно јадење, до удобни кревети. Има сè што ви треба за да се ослободите по напорниот ден на разгледување и шетање.

10. Локација

За да стигнете до Санторини можете да фатите траект од пристаништата во Пиреја и Рафина. Со оглед на тоа што овој остров се наоѓа во кругот на други познати острови можете да испланирате и да видите дел од нив кои се во самото опкружување- Иос, Анафи, Крит, Наксос, Парос.

Доколку сакате да го посетите островот кликнете на следниот линк

https://balkanfun.mk/patuvanja/santorinioktomvri/

logo