ЗДРАВЈЕТО НА СТУДЕНТИТЕ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОБИТНО!

Почитувани студенти,
Согласно препораките за безбедносните и превентивните мерки за коронавирусот (COVID-19), сакаме да Ве известиме следново:

Како совесна и професионална агенција за млади, трите програми кои се однесуваат на студентските екскурзии, а кои се предвидени да се оддржат оваа пролет, ќе ги одложиме за наредна пролет (април 2021). Парите за своите уплати и резервации ЌЕ ВИ БИДАТ ВРАТЕНИ согласно законските прописи и БЕЗ ЗАДРЖУВАЊЕ НА РЕАЛНИТЕ ТРОШОЦИ. И покрај нашите реализирани трошоци за овие три програми, Ви ветуваме дека ќе Ви излеземе во пресрет и на Вас и на родителите, а единствено кое бараме е разбирање и трпение.

Тимот на Балкан Фан жали што НЕМА да биде во можност да патува оваа пролет со над 640 студенти од сите факултети од земјава. Но, вашата безбедност и заштита ни е најважна.

И секако…И покрај тоа што сме свесни дека ви се крати задоволството за уживање во едно од најубавите патувања, ние како професионална агенција, на сите оние кои имаат резервирано за било која програма од пролетните патувања ЌЕ ИМ ДОДЕЛИМЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН ГРАТИС ВАУЧЕР за летните дестинации во вредност од 30 евра!
🚨СТУДЕНТИ- ПОЗАДИ ВАС СТОИМЕ НИЕ, BALKAN FUN!🚨
#Несесекирајте