Закинтос | Лето 2018

Закинтос | Лето 2018

СместувањеТип на сместување29.06. - 10.07.08.07. - 19.07.17.07. - 28.07.26.07. - 06.08.04.08. - 15.08.13.08. - 24.08.
Hotel Perkes 2*


1/4
1/3
x
x
259€
269€
269€
279€
259€
269€
249€
259€
219€
229€
Andreas Studios 2*
1/3
1/2
x
x
269€
289€
279€
299€
269€
289€
259€
279€
229€
249€
Ilias Studios 2*
1/4
1/3
1/2
119€
129€
149€
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
Ioanna Apartmant 2*
1/6
1/5
1/4
119€
129€
139€
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
Akropolis Studios & App 2*
1/4
1/3
1/2
119€
119€
139€
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x
x

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-83Денови -4Часови -5Минути -54Секунди



Total Sale за Лето 2018:

  • До 18.06. (сабота) Total Sale за термините 29.06.-10.07. и 08.07.-19.07..
  • За терминот 29.06.-10.07. попуст од 70 евра по лице
  • За терминот 08.07.-19.07. попуст од 50 евра по лице
  • Последни места во продажба па затоа резервирај си го своето место на следниот линк http://balkanfun.mk/totalsale/
  • Со резервација од 2000 денари резервирај си го своето место.

Опис на дестинацијата и фотографии

ЗАКИНТОС

ЗАКИНТОС е трето по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.

ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

Дали знаете?

  • Грчките богови Артемида и Аполон го избрале Закинтос за одмор поради пријатните климатски услови, преубавите плажи, кристално плавото море и прекрасното зајдисонце.
  • Заштитен знак на Закинтос е Навајо плажата со познатиот заринкан брод, до него може да се стигне исклучиво со брод.
  • Поради богадиот ноќен живот и извонредниот провод, островот го викаат и “грчка Ибица”.
  • Во Лаганас се наоѓаат преку 100 локали (клубови, барови…) наменети за провод, со најдобри коктели.
Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 500 денари – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопјe – Македонија – Грција:

Поаѓање од паркингот спроти Holiday Inn во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-10.Ден / Грција – КИЛИНИ – Лаганас: 

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.

11.Ден / Лаганас – КИЛИНИ – Грција:

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

12.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, ТРАЕКТ, ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 2000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

Разлгед на најубавите плажи на островот

Според легендата, старогрчките богови Аполон и Артемид, поради благата клима, преубавите плажи, кристално чисто море и мигичните заоѓања на сонцето го имаат избрано токму овој остров за одмор. Ќе Ве очекуваат целодневни излети на најубавите плажи на островот, Sv Nikolas и плажата Banana.  Песочни плажи, во чија непосредна близина има и неколку барови, таверно и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите.

Плажа Banana

Најголемата плажа на островот, која е препознатлива по своето егзотично, небесно плаво море. Не очекува незаборавен ден на оваа плажа, каде што ќе уживате во сонцето,   морето и одличната забава на плажа. Стотината млади од Balkan Fun на едно место ќе Ви направат овој излет незаборавен…

Плажа Sv Nikola

Ова е една од најубавите плажи на островот, која покрај својата убавина нуди и доста beach барови, таверни и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите. Цел ден ќе поминеме на оваа плажа и ќе ги наполниме батериите за остатокот од летувањето.

Разглед на градот Занте

Ова е еден од најубавите градови на Јонското море, се наоѓа во заливот од југоисточната страна од островот, во подножјето на брдото Бохали. Градот има прекрсасни градби, цркви и плоштади, својот денешен изглед го формирал после 1953. година, кога најголем дел од градот бил уништен од големиот пожар и земјотрес.

Еден од најитересните делови е Соломоновиот плоштад, најголем на островот, на кој се наоѓа и црквата St. Nicolаs on the mole, единствена градба од венецијанската епоха која го преживеала големиот пожар и земјотрес. На падините над градот се наоѓа и споменикот на Соломос, кој е роден на овој остров, а во непосредна близина се наоѓаат и остатоците од некогашниот замок.

Сигурно најубавото место од островот е брдото Бохали, од каде имате прекрасна панорама и поглед на градот и целиот остров. Не очекува целодневен разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Голем е бројот на ресторани, кафичи и афтентични таверни во кој може да пробате некои од локалните специјалитети и да се освежите.

Крстарење со брод – плажа Navajo

Navajo плажата со сигурност е една од најубавите грчки плажи, до која може да се стигне единствено со брод. Ќе уживате во неверојатните пејсажи и преубавата природа на островот додека пловите со бродот. Ќе ги видиме Silvi, Alikes, неверојатните и преубави Плави Пештери и Navajo плажата, симболот на Закинтос која се наоѓа на сите каталози и разгледници од островот.

Бојата на водата, песокот, заливот и карпите која ја опкружуваат, заедно со стариот брод е нешто што сакате да го доживеете додека сте на островот. Ќе направите прекрасни фотографии на ова место. Во текот на целодневното крстарење повеќе пати ќе застануваме заради бањање и сликање.

Журка на брод

Спремете се за единствената журка на брод. После влегувањето на бродот започнуваат незаборавни неколку саати добра забава и бањање по преубавите заливи и скриени плажи. Сонцето, стотината млади и најдобрите музички хитови ќе направат одлична атмосфера и провод за памтење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите…

Понуда на неделата