За Нас

За Нас

Ние, во Balkan Fun Macedonia, знаеме дека во животот на младите битен дел завзема патувањето и заради тоа нашиот тим вредно работи да тоа патување да биде професионално организирано во најситни детали. Секако тие детали најмногу се паметат и прераскужуваат, а со тек на времето стануваат најубавите моменти од младоста. Тие позитивни моменти на повеќе од десет илјади млади особи се наша најголема референца во младинскиот туризам. Со нив се одвојуваат патувањата за млади од обичните патувања. Balkan Fun Macedonia е фирма на која во фокусот и се младите и нивната забава. Тимот на вработени во Balkan Fun Macedonia, својата мисија ја гледаат во креирањето на добро смислени забави, party патувања, фестивали за млади, и тоа се во период кога младите немаат обврски на фкултетите и средните школи.

Balkan Fun Macedonia во своето портфолио на работа има потпишано повеќе брендови за забава и патувања за млади, а од кои ги одвојуваме следниве : Balkan Fun – најголемо party патување на Балконот; Summer Fun – party летување; Junior – екскурзија за средношколци; Winter Fun – најголемо зимско party патување; Balkan Fun parties; Balkan Fun private; Road Fun– Party bus концепт на забава низ Македонија и блиското окружување; High School Fun – летување за средношколци.

Balkan Fun Macedonia е есклузивен партнер на и дел од Fun group trevel за територијата на Р.Македонија. Fun group travel е компанија која повеќе години работи со млади, патувања и забава за младите. До сега повеќе од 20 000 млади уживали во патувањата и журките на Fun group travel.

ГИ ПОМЕСТУВАМЕ ГРАНИЦИТЕ НА ДОБРАТА ЗАБАВА!!!

Balkan Fun е прво и најголемо party патување за млади на овие простори уште од 2009 година.Balkan Fun се одржува секоја година на пролет, за време на првомајските празници, на атрактивни туристички дестинации во окружувањето на кои се пренесува атмосферата од егзотичните дестинации како што се Ибица, Паг, Миконос и останатите познати party острови. На Balkan Fun забавата се собираат преку 2000 млади луѓе од овие простори и кои уживаат на нашите брендирани забави.

Наша мисија и примарна цел е да на Вас Ви овозможиме патување на кое се Ви е дозволено, да на журките за Вас го спојуваме неспоивото и ги померуваме границите на добра забава, и заедно ги креираме моментите кои ќе ги прераскажувате на своите пријатели долго после Balkan Fun.

Balkan FUN 2010 на Охридското езеро го посетија преку 1500 млади луѓе кои се забавуваа на 6 брендирани журки и 4 незаборавни денови.

Balkan FUN 2011 во Сончев Брег собра преку 2500 малди луѓе од цел Балкан, а забавите беа пополнети со следниве изведувачи Дарко Радовановиќ, Tropico Band, TDI Radio DJ CREW (Kizami, Pop I Spanac) и Balkan Fun Dj Crew.

Balkan FUN 2012 во Паралија повторно ги надмина сите очекувања за добра забава. Џенан Лончаревиќ, Миа Борисављевиќ, Dj Игор Гарниер, Balkan Fun Dj Crew и преку 3000 млади луѓе ги померија границите на добра забава.

Balkan FUN 2013 во Паралија ги имаше следниве изведувачи: Миа Борисављевиќ, Марина Висковиќ, Амадеус Бенд, Balkan Fun Dj Crew.

Balkan FUN 2014 во Паралија ги имаше следниве изведувачи: Ана Николиќ, Тропико Бенд, Balkan Fun DJ Crew, DJ Paun, Red Line Brothers.

Balkan FUN 2015 во Паралија ги имаше следниве изведувачи: Амадеус Бенд, Министерке, Bang La Decks, Claydee, Dj Dea, Balkan Fun DJ Crew.

Balkan FUN 2016 во Паралија ги имаше следниве изведувачи: Џенан Лочаревиќ,Balkan Fun DJ Crew, Dj Dea, Dj Kizami, Dj Marchez.

Balkan FUN 2017 во Паралија ги имаше следниве изведувачи: Аца Лукас, Наташа Беквалац, Balkan Fun DJ Crew.

До сега на before и after Balkan fun журките и забавите преку 15000 млади уживаа во лудиот Balkan fun начин на живот.

Може слободно на кажеме дека Balkan Fun е правиот избор на тие што сакаат party патување, на кое е на најдобар начин е смислена и организирана забавата, во период кога младите немаат обрски и можат на неколку дена заедно со нас да ги доживеат своите соништа.

 

 Summer Fun

Summer Fun е концепт на party летување за млади и претставува патување на кое патуваат преку 5000 млади луѓе од Македонија, Србија и окружувањето и кои ги спојува желбата за одличен провод и најдобро организано летување.

Нашите патувања се познати по најдобрата забава, големиот број на млади луѓе на едно место, секојдневните журки и анимации.

Summer Fun како концепт на party летување за млади, се состои од 3 најбитни аспекти и тоа: најдобри, најатрактивни и најпрактични термини, најповолна цена и добро ораганизирана забава за време на престојот.

Првиот Summer Fun се одржа 2010 година на Крф во местото Кавос, каде што имаше преку 1500 млади луѓе, кои ги забавуваше покрај другите еден од најпознатите Dj на овие простори Грамафонџија(Марко Миличевиќ).

 

Кога се спомнува лето, младите помислуваат на Summer Fun.

 

Студенски Ескурзии

После се дојде време со друштвото со кое студираш и заедно си водел студетски битки, да патуваш на незаборавно патување и да ја запознаеш Европа на потполно различен начи.

Ова е една од ретките прилики кога можеш да отпатуваш со друштвото од факултет и заедно да ја доживеете Европа на FUN НАЧИН, да заборавиш на грижите околу предавањата, колоквиумите, исптитите, и други тешкотии во животот на студентите. За познавање нови земји и луѓе, обичаи и култури е само еден сегмент од нашето патување. Другиот сегмент е секако најквалитетни забави по кои и создадовме препознатлив бренд меѓу младите на Балканот. Ако сте планирале да одмарате на нашите патувања – се лажете, затоа што нас не чекаат луди ноќи во познатите дискотеки во Шпанија, Италија, Франција, Германија, Холандија…

Спакувај се, задолжително земи добро расположение и тргаме на незаборавно патување. Запамтите: дипломата не може да ја врати изгубената младост!

 

High School Fun / Junior

High School Fun е концепт party летување наменето исклучиво за средношколци, прилагодени на нивните потреби и ускладени со обврските во средните школи.

На party летувањето за средношколци, за разлика од останатите програми, во текот на 24h секој ден на патувањето функционира сервис за безпрекорна грижа за патниците we care за кој се грижат високо стручен, квалитетен и професионален кадар на Fun Group Travel Company.

На нашите патувања покрај забавите, спортските и аниматорските активности даваме голем знак на културолошкиот аспект на патувањата, без да ги занемариме забавно друштвениот карактер кој на децата е најбитен.

Безбедноста на наште патници е еден од примарните карактеристики на патувањата, па затоа покрај лиценцираните водичи околу децата се грижат и лекари специјалисти, како и аниматори задолжени за организирање забави. Знаејќи дека на родителите сигурноста на децата е на прво место, овозможивме безплатен сервис за пратење на патувањето. Во нашите понуди имаме преку десет квалитетни програми за ескурзии кои опфаќаат разглед на најубавите земји во Европа.

 

Winter FUN

После пролетните екскурзии и Balkan Fun првомајското party патување, после Summer Fun доаѓа поладно време, а за тоа не значи дека престанува и забавата. Нашиот бренд Winter fun смислен баш за тој период на ладната есен и зима за да можат младите да патуваат, а со тоа и да се забавуваат на нашите журки. Во Winter fun сезоната на патувања Balkan Fun Macedonia во соработка со Fun Group Travel Company, организира дочек на Нова година во најубавите Европски дестинации. Покрај тоа во овој производ се наоѓа и party скијањето за љубителите на адреналинот, доброто скијање и журки. Секако тука е и party weekend направен за експрес забава после испитниот рок.