1.Ден / Скопје – Македонија – Грција:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
2 – 10.Ден / Кефалонија:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе се проводиме во клубовите до раните утрински саати. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…
11.Ден / Kефалонија – Грција – Македонија:
Во утринските часови следуба напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…
12.Ден / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.