Туризам за возрасни: Мора да бидете полнолетни за да ги посетите овие места

Туризам за возрасни: Мора да бидете полнолетни за да ги посетите овие места

Богатата туристичка понуда на некој град или место е залог дека гостите добро ќе си поминат и по можност ќе се вратат уште по некој пат. На овие места малолетниците не се пожелни, а не им е ниту дозволена прошетка на овие локации.

 

Улицата на црвените светла, Амстердам

Ако сакате да ја истражите славната улица во која е легално занимавањето со најстариот занает на светот, но и во која е отворена првата продавница со презервативи, направете го тоа во друштво на Емерити Мартине и Луиса Фокенс. ‘Meet the Old Hookers Tour’ е специфична тура низ која ве водат овие две стари проститутки со приказните за нивната „интересна“ кариера во лудите седумдесетти и осумдесетти години од минатиот век.

Фиренца, Италија

„Секс, дрога и ренесанса: Само за возрасни“ е името на туристичката тура која можете да ја поминете во Фиренца. Овој италијански бисер на културата и историјата во добата на ренесансата, наводно, бил незаборавно место. Најмногу пари се заработувале од проституција, па не е ни чудо што во состав на турата можете да ги видите „развратните“ пораки врежани во најпознатите споменици во Фиренца.

Бангкок, Тајланд

Ако сте го гледале филмот „Мамурлок 2“ веројатно сте запознаени со делче од незаборавната туристичка понуда на Бангкок. ‘The Bizarre Bangkok Tour’ вклучува посета на Музејот за судска медицина кој содржи фотографии од обдукција, но и мумифицираното тело на серискиот убиец-дете Си Кеј.

Во состав на турата ќе навратите и до храмот на плодност на божицата Туптим, каде што жените се молат да останат бремени оставајќи ѝ на божицата фалусни симболи.

Чарлстон, Јужна Каролина, САД

Чарлстон можеби е познат по својата гастрономска понуда и шарм, но и по историјата која би посрамила многу други јужни градови. „The Dark Side of Charleston Walking Tour“ ветува нецензуриран поглед (со шише Џек Даниелс) во овој славен град кој во текот на Втората светска војна бил преполн со јавни куќи, а улиците биле несигурни поради честите грабежи и убиства.

Кингстон, Јамајка

Луѓето на Јамајка можат со себе да носат мали количини марихуана без опасност од апсење. Агенцијата ХотБокс Јамајка организира низа различни тури кои вклучуваат посета на фарми со марихуана, испробување на овој опијат, но и посета на родната куќа на Боб Марли.

 

Понуда на неделата