Шпанија – Љорет де Мар | Лето 2018

Шпанија – Љорет де Мар | Лето 2018

СместувањеТип на сместување05.07. - 16.07.12.07. - 23.07.19.07. - 30.07.26.07. - 06.08.02.08. - 13.08.09.08. - 20.08.
Hotel Montanamar 3*


1/4 economy
1/3 economy
1/3 standart
1/2 economy
1/2 standart
355€
365€
385€
385€
405€
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
РАСПРОДАДЕНО
375€
385€
405€
405€
425€
375€
385€
405€
405€
425€
365€
375€
395€
395€
415€

Уште 0 посетител/и го гледаат ова патување.




Понудата истекува за:


-109Денови -4Часови -9Минути -37Секунди


Total Sale за Шпанија 2018:

  • До 30.06. (сабота) Total Sale за термините 05.07.-16.07..
  • За терминот 05.07.-16.07. попуст од 40 евра по лице
  • Последни места во продажба па затоа резервирај си го своето место на следниот линк http://balkanfun.mk/totalsale/
  • Со резервација од 2000 денари резервирај си го своето место.

Опис на дестинацијата и фотографии

ШПАНИЈА

Кралството Шпанија е сместено на југозападот од Европа, завзема најголем дел од Пиринејскиот полуосторов. Шпанија на јужниот и источниот дел излегува на Средоземното море, додека северниот и северозападниот дел излегува на Атланскиот океан. Шпанија е европска држава која по својата место положба е најблиску до африканскиот континент. Средоземната обала од Шпанија има најмогу сончеви часови во Европа, поради што ја прави една од најпоседените туристички дестинации во Европа.

ЉОРЕТ ДЕ МАР

Љорет де Мар – “Цвет на море”, е туристички центар во шпаанскиот регион Коста Брава (Дивата обала). Коста Брава е регион кој се простира во североисточна Катанија, од француската граница до Барселона. Медитеранскиот брег се протега во правец север – југ, во должина од 200 километри.

Самата локација на Коста Брава е идеална за посета и разглед на Барселона, која се наоѓа во непосредна близина. Денеска Барселена е модерен град, со широки булевари и просторни плоштади, монументални споменици и големи пристаништа. Ова е град на еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Место кое не треба да се пропушти да се посети секако е и шеталиштето Лас Рамблас, на кое се наоѓа и пазарот Ла Бокерија на кој може да најдете зачини и овошје од целиот свет. На крајот од шеталиштето се наоѓа и споменикот на Кристофер Колумбу, од каде имате преубав поглед на морето.

Долгите песочни плажи, преубавата обала на Средоземното море во комбинација со прекрасната природа, медитерснската клима, големиот број сончеви часови и богатото културно наследство, го прават едно од најатрактивните летувалишта во Шпанија, но и во Европа. Тука летото е топло, но подносливо, плажите се песочни и чисти, што дури пет лажи се носители на Плаво знаменце, меѓународно признание за квалитет, а најголема плажа е Санта Марија.

По должината на плажата се лоцирани голем број барови, ресторани и кафичи во кој можете да направите пауза и да се сокриете од сонцето. Овој топол и темпераментен медитерански град ќе Ви овозможи на Вас се она што сте очекувале од Шпанија: сонце, сангрија, и добар провод со незаборавниот фламенко. За љубителите на добрата забава и музика, имаат голем број дискотеки и барови кои им пружаат одлична забава до раните утрински часови.

Аранжман

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 7 ноќевања на база полупансион (појадок+вечера) 1/2, 1/3 или 1/4 соби во Хотел Montanamar 3* во Љорет де Мар во Шпанија
  • Автобуски превоз од високо туристичка категорија (ТV, DVD, aудио и видео опрема, А/C) на релација Скопје-Љорет де Мар-Скопје (за минимум 20 патници), по програмата
  • Водич за групата за цело време на аранжманот
  • Ораганизација на патувањето во целост

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 550 денраи – плаќање во агенција
  • Туристичка такса за Каталонија (0.50 евра по ноќ) која се плаќа на рецепција во хотелот при влегување во соба
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
Програма за патувања

1.Ден / Скопје – Белград – Србија – Хрватска – Словенија – Италија – Франција:

Состанок на гурпата на договорената локација во Скопје, тргнување во утринските часови. Следува возење преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија со попатни паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формуларности.

2.Ден / Италија – Кавалино- Венеција (факултативно):

Во раните утрински часови пристигнување во туристичката зона Кавалино. Слободно време или факултативно возење со брод до Венеција. Разглед на градот: Дуџева палата, Базиликата Свети Марко, Плоштадот Св. Марко, Torre del Orologio, мостот на Воздишките… Останување во Венеција до доцните попладневни часови. После разгледот и слободното време, враќање до Кавалино и тргнување за Шпанија. Ноќно возење преку Италија, Франција и Шпанија со кратки паузи заради одмор и освежување…

 3.Ден / Шпанија – Љорет де Мар:

Во утринските часови пристигнување во најпознатот летувалиште Коста Брава – Љорет де Мар. Сместување во хотел до 14 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4-9.Ден / Љорет де Мар – Коста Брава:

Вашиот одмор во Шпанија ќе го направиме незаборавен со програмата на факултативни излети: Барселона панорама, Фламенко, Барселона by night, Port Aventura, Costa Brava, Далиевиот музеј, Nou Camp, BCN Aquarium… После предвидените излети, летувањето може да го искористите во уживање во бањање, одмарање и сончање на преубавите песочни плажи на Коста Брава или во провод во ноќниот живот на Љорет де Мар и Барселона.

10.Ден / Љорет де Мар – Барселона – Магични фонтани (факултативно) – Шпанија – Франција:

Појадок. Напуштање на хотелот и пакување на работите во автобус. Слободно време во Љорет де Мар до доцните вечерни часови или можност за факултативен излет за Барселона, каде што ќе уживаме во преубавиот Читадела парк или да го откриеме мистичниот Готички кварт. Во вечерните часови кога ќе падне мрак, на најубав начин ќе се збогуваме со Барселона, не заборавна престава која нас ќе ни ја приредат Магичните фонтани. Следува враќање кон Љорет де Мар и ноќно возење преку Шпанија и Франција…

11.Ден / Франција – Азурен Брег – Грас – Ница – Италија – Словенија – Хрватска – Србија:

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Пристигнување во Грас – познат по непрегледните полиња на лаванди и ружи. Разглед на фабриката за парфеми и ги откриваме тајните на најпознатите светски парфеми. После тоа следува заминување до на најпознатото монденски летувалиште –Ница: Англинското шеталиште, Стариот град, плоштадот Масена, цветниот пазар, тврдината на ридот од каде имате фантастичен поглед на градот… Слободно време до вечерните часови. Трегнување за Кнежеството Монако. Следува на разглед на преубавиот град: Палата Грималди, Катедралта, Океанографскиот музеј, патеката за Формула 1. Потоа следува посета на магичниот град на коцката, прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. После прошетката на малата монденска држава следува ноќно возење и продолжување на патувањето преку Франција, Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

12.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Пријава, плаќање и напомена

Напомена:

  • Наведените цени од табелата се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН (СМЕСТУВАЊЕ, појадок и вечера ПРЕВОЗ) за тргнување од Скопје, за минимум 20 патници.
  • Доколку има под 20 патници програмата се реализира од Белград.
  • За патниците кои организизираат превоз во сопствена режија, наведените цени на аранжманот од табелата се намалува за 30 евра.
  • Ве молиме пред да го склучите договотот за патување да се запознаете со програмата на патувањето, со општите услови за патување на Т.А Балкан Фан Македонија и со општите услови на меѓународното осигурување.
  • Сместувањето во сместувачките капацитети е во 15:00 частот (постои можност за порано сместување), а напуштањето е во 09:00 часот.
  • Сместувањето од оваа програма е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација во земјата во која престојуваме.

Начин на пријавување:

  • Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
  • Со доаѓање во агенција
  • Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 6000 денари
  • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.
Факултативни излети

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

БАРСЕЛОНА ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД

Панорамско разгледување на “Олимписката лепотица” со кратки разгледувања и посети на најзначајните атракции на градот: Кулата Agbar, Korida, катедралата Sagrada Famila, Паркот Guell, Casa Mila, споменикот на Колумбо, Пикасовиот музеј…

ШОПИНГ БАРСЕЛОНА И МАГИЧНИТЕ ФОНТАНИ

Заиграјте во ритамот од музиката на Магичните фонтани, препуштете се на музиката и светлата кои ги нуди популарната туристичка атракција во Барселона. Мигичните фонтани на ридот Монжуик се дело на архитектот Carles Buigas. Составени се од низа фонтани кои заедно создаваат неверојатен поглед, ги менуваат боите, светлата, движењата и музиката. Најфасцинатно е навечер кога фонтаните создаваат неверојатна атмосфера. Ве очекува и посета на познатиот шопинг центар во градот, каде ќе имате слободно време за пазарење и разглед на продавниците со домашни и светски познати брендови.

МУЗЕЈОТ НА ДАЛИ

За сите љубители на уметноста, посетата на Фигуерас, градче сместено во копнениот дел од Каталонија, во кое е сместен музејот посветен на најекчентричните уметници од Шпанија не смее да се пропушти. Салвадор Дали бил еден од најзначајните уметници од XX век, надреалистичен сликар, писател, вајар, сценограф и глумец. Салвадор Дали за време на својот живот основал музеј, во кој после смрта бил и погребан. Својот талет го докажал уште со првата слика Кошница со леб и таа е една од најпопуларната слика во музејот, создадена 1926 година. Музејот нема само изложбен карактер, па така во летните месеци во дворот на музејот посетителите можат да гледаат и филмски проекции за животот на Салвадор Дали.

PORT AVENTURA

Тематски парк кој со неворајатните атракции, возења оправдано го носи епитетот “Шпански Дизниленд”! Паркот е поделен на 5 тематски целини т.е 5 делови и секој од нив е преставен како целина за себе. Паркот Ви нуди фантастични атракции: Shambhala – гигански ролекостер, најголем во Европа, со најдолг пад и брзина и од 150 km/h, Dragon Khan (ролекостер), Tutuki Splash (возење по вода), Condor Hurricane (слободен пад од 105 метри висина), Grand Canyon Rapidis, Stampida (атракција на “Дивиот запад” која преставува трка со возови).

АКВАРИУМ

Истражувањето на морските длабочини никогаш не било полесно.Чудесните жители на аквариумот – ајкули, пингвини итн. ќе Ве одушеват. Ова е еден од најпопуларните светски аквариуми со преку 11 000 примероци од 450 различни растенија и животински врсти, со неверојатен 80 метараски долг тунел под море и со фасцинатен поглед на единствените примероци на ајкули кои се наоѓаат само во овој аквариум. Во комплексот се наоѓа и ресторан и кафич, како и продавница за сувенири.

CAMP NOU

Добродојдовте на Camp Nou, домот на фудбалскиот клуб Барселона. Посетата и разгледот на овој стадион, најпознат и најголем стадион во Европа станува обавезна за сите кои доаѓаат во Барселона. “Новото играчиште”, што во превод значи името на стадионот, е еден од 29 стадиони во Европа кој е рангиран со 5 ѕвезди (стадион на кој може да се игра финале од Лига на шампиони). Разгледот трае 1 час и вклучува посета на: трибините, соблекувалните, терените (клупите за играчите), коментаторските кабини, салата за трофеи, музејот. После разгледот може да купите оригинални сувенири со грбот од FC Barcelona.

ВИТЕШКИ ИГРИ

Очекувајте автентична вечер, Витешке игри. Се враќаме 500 години наназад, во време на храбрите витези кои со крвави борби мораледа ја бранат својата чест. Ќе уживате во вечерта која е во тадиционален амбиент, и се состои од неколку делови: витешка егзибиција со коњи, во кочии, борба со мечеви и натпревар измеѓу четири групи на витези. Гостите ќе бидат послужени со автетнична средновекова вечера и шпанско вино.

ФЛАМЕНКО

Правиот дух и страствениот темпарент на Шпанија ќе ги доживеете во оваа Фламенко ноќ. Не очекува единствен шоу програм и настап на најдобрите фламенко танчери (танчерот Хозе Леон го држи светскиот рекорд во најбрзо фламенко). Фантастичната, емотивна изведба, музиката и страствените ритами Вас ќе ве воодушеват. Оваа единствена програма вклучува и неограничена конзумација на сангрија, шампањ или сок… Viva Espana!

Понуда на неделата